Се улежавте? Направете ги овие лесни, корективни вежби

За викенд, а особено за вакви викенди кога не излегуваме, често знаеме да се улежиме. Тоа може да води кон повреди, вкочанетост и што се не. А сите сме виновни за ова, барем неколку викенди во годината! Затоа е важно, по долго лежење (пред телевизор, лап топ, Нетфликс, на телефон, или со книга) добро да се истегнеме.

Затоа ви подготвивме една многу едноставна рутина за тегнење. Изгледа лесно и едноставно, но верувате дека многу ќе би помогне. Можете да ја повторите неколку пати. Овие вежби се добри и за утринско истегнување, пред работа. Се што ви е потребно е средно висок потпирач од мебел (двосед, тросед…) или долен дел од просечно високо столче. (ВИДЕТЕ НА ВИДЕОТО)

  1. Ги ставаме двете раце на површината, нозете се во ширина на колкови и оставаме главата да пропадне меѓу рацете (држиме во оваа позиција додека убаво не ни се истегне целиот грб).
  2. Од истата позиција почнуваме да го движиме торзото нагоре и надоле. Земаме кога се движиме нагоре и издишуваме надолу. Пробуваме секој пат се подлабоко да влеземе во позицијата меѓу рацете, потоа задржуваме во таа позиција и ја движиме главата лево десно.
  3. Од тука, ги носиме лактите на подлогата, со двете раци пробуваме да го допреме горниот дел од `рбетот или меѓу плешките. Главата ја оставаме повторно да пропадне меѓу рацете (повторно држиме во оваа позиција) и продолжуваме со движења нагоре надоле.  – Ако ова не ви е доволно истегнување може да се зголеми интензитетот на истегнување со споени нозе, застанување на прсти или пак споени нозе на прсти. Внимавајте да не претерате.
  4. Повторно се враќаме во почетната позиција со двете раце на подологата и истегнуваме една рака надоле, па потоа другата.
  5. Ги носиме двете раце до нозете и истегнуваме.
  6. Полека се креваме нагоре, прво од колковите, па грбот, братот и најпосле главата. (ако избрзате и главата ја кренете прва, може да ви се сврти).

Погледнете ја целата рутина на мојот инстаграм профил:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🍀Natalina Sindilieva🍀 (@natalina_poledance) on

Заследете ги @nea.mk_ и @natalina.poledance за повеќе содржини поврзани со спорт и  корективни вежби.

Тоа е тоа. Лесна рутина, ама чуда прави. А не заборавајте да се истегнете и на работа доколку предолго седите на компјутер, еве ги нашите вежби и за тоа.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!