Get the look: Инспирирани од Michael Kors, облечени од брендови достапни кај нас

Познатиот дизјанер Michael Kors ја претстави својата есенска “ready to wear” колекција, уште во февруари. Акцентот беше ставен на удобност, софистицираност и слоевитост.

Колекцијата изобилува со волуменозни плетени џемпери, плисирани здолништа, кожни аксесоари и секако добро познатите чизми до колена. Нема сомнеж дека секое парче од оваа колекција мами воздишки и дека би сакале да ги имаме овие модни комбинации во нашите плакари. Тимот на nea.mk ви нуди опција како да постигнете runway изглед со парчиња кои се достапни во нашите продавници.

Еве што се носи оваа есен инспирирано од модните писти:

Оversized капут во беж боја, широки панталони и кондури инспирирани од легендарните Мартинки.

Долг хипи фустан, со црни набрани чизми на штикла и капут е комбинацијата која го отсликува овој изглед.

Јавачки чизми, тесни светли панталони, црн џемпер и црвен капут кој и дава „став“ на целата комбинација.

Повторно високи чизми на штикла, овој пат во комбинација со плисирана металик сукња, широк џемпер и голема ташна. И стоплени и дотерани.

Кожен долг фустан со каиш (доколку не носите кожа, може да биде и сатен или вештачка кожа), повторно високи чизми со штикла и ташна со строги линии. Ги сменивме боите, но сеуште функционира.

 

Кој е следниот моден гигант кој би сакале да го видите во оваа рубрика?

 

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!