Која е вашата боја на лак за нокти?

Некои девојки обожаваат да ги лакираат ноктите во најразлични бои, други сакаат природен изглед, додека трети имаат заштитни бои кои никако не ги менуваат. Ја прашавме Кики од Naisha еден од најпознатите салони за педикир и маникир кај нас, кои се најпопуларните бои за оваа есен. Еве што одбравме со неа:

Темно зелен лак со светки, за храбри девојки

Овој лак од брендот ORLY го бираат храбри девојки, кои не се премногу оптоварени со дрес-кодови. Тој е храбар, интересен и дефинитивно најдобро одговара на кратки нокти. Во Naisha генерално препорачуваат пократка должина на ноктите, и од естетска, и од хигиенска причина.

Есенската класика на OPI

Овие лакови се евргрин, особено во есен. Изгледаат кул и храбро, и секоја есен повторно ги освојуваат девојките. Прва е јаката црвена боја. Додека другите се две нијанси на бордо – темна и уште потемна. Многу често девојките од сите генерации ги пробуваат сите лакови, но најпосле се враќаат на проверените бои. Во црвените и темните лакови на OPI има некој храбар став, и моќна женственост, веројатно затоа ги сакаме.

Пастелни седефасти бои

Повторно од палетата на ORLY ги одбравме нивните пастелни, седеф бои. Периодов сите бреднови имаат своја линија на пастелни лакови. На некој начин овие лакови се вклопуваат во целата пастелна реалност во која живееме кога е модата во прашање. Седефот пак, дава ретро нота која е навистина кул. Сите барем еднаш побарале ваков лак, и не згрешиле. Нежен е, но и храбар во исто време.

Виолетова боја, што ако е есен?!

Не секогаш е препорачливо да бираме бои кои не потсеќаат на тековната сезоната. Може и намерно да ги избегнуваме и наместо црвената и бордото, да одбереме пастелна, виолетова боја. Се околу нас е жолто, портокалово, црвено и тегет, па така ние можеме „за инат“ да одбереме виолетов лак! Само погледнете како одговара на дрвена позадина.

Фото: Ана Аврамовска

Девојки се надеваме дека ви помогнавме во изборот на лакови. Ова се нашите фаворити, кои се вашите? Дали сакате пократки или подолги нокти? Колку често одите на маникир и педикир? Што правите за поздрави нокти?

Доколку сакате стручна помош во однос на негата на раце и стопала и непресушен извор на нови, интересни бои на лакови за нокти, топло ги препорачуваме нашите соговорнички од студиото Naisha.

Носете маска, мијте раце и дезинфицирајте се кога посетувате студио за нега од секој тип. 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!