Инспирацијата за овој текст ни дојде од ташната алигатор, на дизајнерката Кејт Спејд. Оваа ташничка во форма на алигатор, чини 11 000 долари, а луѓето сепак ја сакаат и се продава „како алва“. Ние не сме совршено сигурни дали би ја носеле, но за вкусови не се дискутира. Сепак, истата дизајнерка има направено ташни-ремек дело, во форма на саксии, прскалки за цвеќе, торти… Нив, дефинитивно би ги носеле. Подолу има и ташни од други дизајнери, инспирирани од храна, но и од легендарното Фиќо. Погледнете и кажете ни го вашето мислење.
Кејт Спејд:
Сепак, не мора да потрошиме богатство за ултра интересна ташна. Секако не очекуваме ниту ниска цена бидејќи ова е дефинитивно уметност. Ако сакате да го обоите светот, ташните во форма на нутела, макаронс (или шарени падобранци по наше), кроасан и легендарното фиќо ќе ви помогнат.
Ни се допаѓа како на девојката со фиќото, не и било доволно да си носи автомобил во рака. Погледнете ја нејзината алка која изгледа како наочари за гледање. А, ако сте фанови на шарени и прекрасни детали, погледнете го накитот на македонската занаетчкита/дизајнерка за која пишувавме.
Пишете ни како ви се допаднаа овие детали и дали би ги носеле?