Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10… 1000 чекори. Од друга страна има девојки кои викаат дека прават многу малку, а имаат одлични резултати. Најпосле, завршуваме прашувајќи ги нашите блиски за совет. Тоа го направивме и тука во nea.mk. Прашавме три девојки што прават во однос на нега на кожата. Добивме различни одговори, но многу корисни.

„За мене нема брзо решение, се потпирам на редовна нега. Чистење, домашно и на козметичар и редовна хидратација и нега. Наутро го чистам со пена за измивање и активен кислород. Потоа користам хијалуронски серум или серум со Ц витамин зависно од годишното време. (Витамин Ц и сонце не одат добро во комбинација). Потоа користам крема околу очите и хидратантна крема со заштитен фактор. Слична рутина, со посилна крема и минимални разлики во серумите. Покрај оваа редовна нега. Барем еднаш неделно користам пилинг и маска за потхранување на кожата. За мене тоа е уживање, не само за кожата туку и за душата. Пилизинте и маските навистина имаат ефект барем во мојата рутина. Редовно посетувам и козметичар со цел чистење на порите и професионален совет. Имав проблематична кожа во минатото, но чистењето и хранењето на кожата во мојот случај беа вистински погодок.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Veronika Carcheva (@vcarcheva)

 Вероника Царчева – графички дизајнер и цимерка на Лара и Боно

„Користам навистина малку препарати за нега на кожата. Среќна сум што имам навистина убава кожа природно. Сепак, имам некои „тајни“. Како и во исхраната така и во негата се трудам најголемиот дел од производите да бидат природни. Не сакам да внесувам многу хемикалии. Кремите пак се трудам да ги купувам од одговорни компании кои се грижат за природата и животните. Во однос на лицето, не користам шминка секојдневно. Шминка ставам единствено за посебни прилики. Лицето го чистам со вода. Повремено правам и пилинг со пченкарно брашно или палента и вода. Во однос на крема, користам само една крема со активен кислород. Негата на кожата на телото, а понекогаш и за лице ја сведувам на кокосовото масло. Истото кое го користам и за говење! Со оглед на тоа што сум изложена на сонце речиси цело лето, кокосовото масло навистина прави огромна разлика во однос на квалитетот на мојата кожа. Тоа е тоа, девојки и момци!“

Наталина Синдилиева – тренер за фитнес на шипка и вљубеник во природата

„Мојата рутина се базира на совети од мојата мајка, како и две искусни козметичарки. Секако следам и многу совети кои се актулени во моментов, но основата е стара колку времето. Во текот на речиси целиот младински живот (сега имам 26 години, значи до пред 3-4 години) имав навистина проблематична кожа. Па така, поминав патешествие на обиди и грешки додека да добијам целосно чисто лице. Длабинското чистење и редовното одење на козметичар навистина направија промена кај мене. Секако и подобрената исхрана. Голем дел од проблемите со кожата ни доаѓаат од исхраната и хормоните.
Па еве ја мојата рутина: најпрво обавезно го чистам лицето со масло и/или мицерална вода. Преферирам да користам масло (маслен чистач за кожа, бејби масло или природно масло). Ова е „закон“ кој ми го кажа една постара козметичарка чии совети и помогнале и на мојата мајка во младоста. Потоа го мијам лицето со гел за миење лице и го масирам 1минута. Ова е трик кој го прочитав тука на nea.mk. Откако сум сигурна дека нема повеќе нечистотии ставам квалитетна крема за лице. Не сум богаташка, ама на нега за лице не штедам. Секако повремено користам маски за лице и природен пилинг.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Avramovska (@ana_avramovska)

Ана Аврамовска – архитект и лице за социјални медиуми кај nea.mk

За да ја одредиме соодветната нега за нашето лице и кожата на телото најпосле одлучува нашето лично искуство. Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат. Одберете нега на која можете да се посветите, најважна е редовноста. Чистењето и потхранувањето се основа, а на кој начин ќе го направите тоа… Одберете сами! Секако, доколку имаме проблематична кожа секогаш е важно да се советуваме и со стурчно лице. Сепак, секогаш е добро да ги прашаме и другарките!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!