Сигурно се прашувате дали постои човек кој не сака слатко? Всушност луѓето се родени со преференција за благо и имаат вродена аверзија кон горчлив/ горк вкус.
Ова е поврзано со фактот дека првиот извор на енергија на кој сме изложени – мајчиното млеко има сладок вкус по природа. Така што слаткиот вкус е индикатор за брзо достапна енергија, од друга страна горкиот вкус асоцира на токсични супстанци. Се верува и дека поседуваме специјални рецептори во усната празнина за благ вкус кои се директно поврзани за центрите за награда во мозокот. Или во превод само при допир на благ вкус во усната празнина се ослободува допамин во нашиот мозок.
Друг мит на темата слатко е дека вештачките засладувачи се безопасни, бидејќи имаат 0 калории. Овие засладувачи се повеќе се консумираат како замена за белиот шеќер и останати природни калориски засладувачи (мед, кокосов шеќер, маџун и слично).
Сепак се повеќе студии укажуваат на негативниот ефект на овие вештачки засладувачи врз активноста на нашата микробиота која доведува до проблеми со здравјето.
Колаборативна студија помеѓу два универзитети Ben-Gurion University of the Negev (BGU) од Израел и Nanyang Technological University од Сингапур укажува на токсичност на шест вештачки засладувачи во кои спаѓаат аспартам , сукралоза и сахарин и 10 спортски додатоци во исхраната(суплементи) кои ги содржеле овие засладувачи.
Негативното дејство врз микробиотата присутна во нашиот дигестивниот систем е присутно и при консумација на само 1 mg/ml вештачки засладувач. Имајте на ум дека Стевиа не спаѓа во групата на вештачки засладувачи иако содржи 0 калории. Tаа се добива од растение.
Jадењето слатко не мора да биде лошо, особено ако доаѓа од природни извори, овошје, зеленчук, мед… Она што е важно е да се внесува умерено, зависно од потребите на секој организам.