Со години, интернет заедницата се топи (како кашкавал во лазања), гледајќи го Кејд (Cade), малиот сладок готвач. Детенцето им прави друштво на својата мајка и баба додека готват. Тој е најслаткиот шеф на кујна. А како и секој добар шеф, тој мора да ја проба храната која ја подготвува. Овие видеа дефинитивно ќе ги насмеат сите, а родителите ќе ги потсетат како изгледа готвењето со деца.
Кејд порасна, но сеуште „помага“ во кујната. Сега носејќи и ултра популарна, „четка“ фризура додека готви:
Лазања:
Пица:
Целта на овој прилог не беше да предизвика глад, но сепак тоа се случи. Ние одиме накај кујната, да направиме нешто со топен кашкавал. Кој има деца нека ни прати слатко (и реално) видео од искуствата во кујна!