Во nea.mk имаме соработнички од сите возрасти, па така сакаме да ги пробуваме и не интересираат сите нови производи. Според компанијата, новиот Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity 3D серум има тројна моќ во дејствувањето против борите.
Овој серум е препорачливо да го користат жени околу и над 50 години. Особено важна е моќта на затегнување на лицето, заштитата од создавање на дамки и бори. Според Еуцерин 3D серумот се бори со трите главни знаци на стареење: ги намалува дамките, спречува појава на подлабоки бори и ја подобрува еластичноста на кожата. Хијалуронскиот серум е препорачливо да се користи навечер, за да има простор убаво да навлезе во кожата. Како за први неколку дена ние бевме доста задоволни од серумот. Од компанијата велат дека по две недели користење ќе има и видливи резултати. При изборот на крема за лице добро е да се советувате и со фармацевтите, особено околу тоа кој крем од одредена линија ви одговара. На пример, доклку сакате да ги користите кремите на брендот Еуцерин, барајте ги оние кои се направени за вашата возраст и тип на кожа. Односно и за кремите важи правилото, „Кој прашува, тој не лута“(или на српски: Ко пита, не скита). Доколку вашата кожа е зрела, односно имате над 50 години, тогаш го препорачуваме овој серум. Новата формула се бори против трите главни знаци на стареење: намалувајќи ги дамките, спречувајќи појава на уште подлабоки брчки и подобрувајќи ја еластичноста на кожата. Кожата брзо го апсорбира, така што овој серум е одличен додаток на вашиот режим за ноќна нега.
Кои се трите состојки што го прават овој серум ефективен?
- Тиамидол
Според Лора Шмит, Медицински советник за Eucerin® тиамидолот е моќно оружје против старечките дамки: „Тоа е резултат на 10-годишното опсежно истражување и развој во Баерсдорф и примената на новиот стандард во третманот на хиперпигментација. Тој делува директно во клетките на кожата, насочувајќи се кон производството на меланин. Меланинот е природна УВ заштита на кожата и е одговорен за темните дамки “, објаснува Шмит. Со редовна употреба, серумот помага да се намалат старечките дамки и го спречува нивното повторно појавување.
- Хијалуронска киселина
Хијалуронската киселина овозможува, новиот серум ефикасно да ја исполнува кожата одвнатре да ги исполни дури и подлабоките брчки и да ја одржува кожата хидрирана.
- Природно добиен Аркитин
Силата на природно добиениот Арктиин пак ја подобрува цврстината и јачината на кожата, поддржувајќи поддршка на обновувањето на колагенот во клетките на кожата. За најдобри резултати користете ја целата ноќна линија на Еуцерин, создадена за нега на позрела кожа.
Доколку сте помлади, може да ги пробате и другите производи на брендот. Секако девојки, не заборавајте дека борите се нормален дел од стареењето и дека на негувана кожа може да изгледаат многу шармантно.
Насмејте се, борите од смеење се најубави!
Во nea.mk поддржуваме само производи кои ги сакаме. Текстот е напишан во соработка со Eucerin.
Доколку пак во моментов сакате да си направите маска за лице, пред да набавите серум, може да ги искористите и нашите „рецепти за лице од баба“. Сепак како што кажавме и во тој текст, идеална за кожата е комбинација од клинички тестирани, проверени креми и серуми и природни маски.