Галерија фотографии од Скопје за кое се раскажуваат многу приказни

Еден од нашите верни читатели, верно собира стари фотографии од Скопје. Она Скопје за кое ни раскажувале родителите, или за кое ние им раскажуваме на децата. Градот во кој се шизело во диско, се купувале карти од тапкароши пред Кино Вардар, се шетало на корзо низ празниот плоштад. Кога младите се бањале во чистата река Вардар и имало зеленило на сите страни. Скопје, во кое многумина научиле да возат точак, ја пробале првата пијачка и ја доживеале првата љубов.

Голем дел од нас не го помнат тоа Скопје, родени сме подоцна, но го знаеме од фотографиите на нашите родители. И како такво секогаш ќе ни биде мило. Но, Скопје не е само далечното минато, Скопје е и ноќниот живот во 2000тите и новото време, желбата за прогрес и напредок на младите генерации, бендовите кои ечат од гаражите. Скопје е и сплотеноста на двете страни на Вардар, Чаир каде сите празници се заеднички, МКЦ, Минус 1 и Хавана, кафаните, мирисот на бурек и симит во ниедно време после диско.

И да, Скопје се и сите оние кои дошле тука од другите градови и си ја нашле среќата. Да се надеваме дека откако ќе заврши оваа пандемија, повторно ќе се вратиме на улиците, во дискотеките и кафулињата и Скопје, повторно ќе биде радост.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!