25.10 е светски ден на пастата! Од каде потекнува ова јадење? Секако од Италија, а првите пасти се верува дека се направени во 1виот век од н.е. Денот на пастата ние го дочекавме скромно во кругот на семејството, со свежа паста од малото, локално takeaway место – Eatalian.
Местото се наоѓа во Скопје карши градскиот парк (до Ван Гог). Новина за нас е свежата паста. Одлучивме да се разгалиме, па со мала доплата пробавме свежа паста од Eatalian.
Одбравме таљатели фунги и алио олио. Првите-фунги се одлични доколку сакате силен вкус на печурки, подготвени совршено. Во сосот има два вида на печурки шампињони и вргањ. Ова е дефинитивно еден од нашите фаворити!
Вторите – Алио олио се полесни и одлично одговараат со свежата паста. Лути се, што за нас беше одлично бидејќи сме љубители на лута паста. Вкусот на лукче, маслиново и чили пиперче никогаш не разочарува. Секако се јадат со многу пармезан!
И да не останат покуси пиците, земавме уште една Зукини гарден пица со тиквичка! Ова ни е омилената пица од Eatalian, па не само што не остана покуса, туку не остана ниту едно парче од неа. Цела ја изедовме.
Никогаш не разочаруваат со квалитет, па откако отворија често знаевме да земеме паста/пица и да правиме “состанок” во паркот во Скопје. А за денот на пастата има и 20% попуст на сите пасти и лазањи.
Попустот може да го искористите физички, или да нарачате онлајн со кодот WPD2020. Ако не Ве носи патот накај парк може да си нарачате низ цело Скопје, доставата е бесплатна зависно од висината на нарачката.
Фотографиите се толку прекрасни благодарение на девојките од Eatalian Takeaway кои ги дотераа за да ги сликнеме. Погледнете како изгледаше тоа, на галеријата во продолжение.
Ако ви потекоа лиги, може да си нарачате онлајн на Eatalianpizza.mk
За попусти и промоции, може да ги следите и на нивните Инстаграм и Фејсбук профили.