Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност за сексуалното насилство. Обележувањето на овој ден има започнато откако Италијанскиот Врховен Суд пресудил во полза на обвинетиот за силување. Според судот причината е што жртвата носела тесни фармерки за кои ‘најверојатно била потребна „помош за да бидат соблечени“. Односно, според судот тесните фармерки на жртвата на силување, значеле согласност. По пресудата, пратеничките следнииот ден се појавиле во италјанскиот парламент носејќи фармерки во знак на солидарност и критика кон апсурдноста на пресудата. 

Denim Day е една од најдолготрајни кампањи за спречување и едукација на сексуалното насилство во историјата. 

Приказната за Денот на тексасот започнува во Италија во 1992 година, кога 18-годишно девојче било силувано од страна на 45-годишниот инструктор за возење. Тој за она што требало да биде нејзината прва лекција за возење кола ја одвел на изолиран пат. Таму инструкторот ја извлекол од автомобилот, и ги тргнал фармерките и насилно ја наднал. Девојката се охрабрила да го пријави силувањето по кое сторителот е уапсен и гонет. Потоа е осуден за силување и осуден на затворска казна. Но, година подоцна, тој ја обжалил пресудата тврдејќи дека имале секс со нејзина согласнот. Италијанскиот Врховен суд ја поништил пресудата со што сторителот бил ослободен. Во изјавата на Судот се тврди дека бидејќи жртвата носела многу тесни фармерки, таа морала да му помогне на силувачот да ги отстрани… Со отстранување на фармерките тоа не било силување, туку секс со согласност. Иако ова се случило во 1992, дури во 1999, како што известува New York Times, по години интензивна политичка и социјална дебата, Италија ги изменила своите закони за силување заострувајќи ја казната за сексуален напад. Дури во 1999 сексуалниот напад во Италија од морално дело е изменет во кривично дело. Тоа претставувало долгоочекувана промена доживеана не само како феминистичка победа, туку како општествена победа. Оваа промена е знак дека италијанското општество ги надминало некои од старите предрасуди и длабоко вкоренетите патријахални табуа.

Преку различни механизми на глобално ниво граѓани, студенти и студентки, организации итн, преку својата модна изјава носат фармерки како видливо средство за протест против културата на силување и механизмите кои го овозможуваат сексуалното насилство. На најиталијанскиот начин, токму модата носи гласна порака против сексуалното насилство, порака која најпосле била слушната.

Текстот за nea.mk го напиша нашата Сара Миленковска. Сара е феминистка, дел од основачите на женската менторска мрежа – Стела и активна граќанка која се бори за човековите права. Таа долги години работи и како модел, активно промовирајќи одговорна мода. Моментално Сара е актуелна и со проектот #СпорелиАвторка. Може да ја следите на: https://www.instagram.com/smilenkovska/ 

Денеска гордо носиме фармери за да порачаме дека нема изговор за насилниците и силувањето! 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!