Елена Романова: Топ 5 песни кои ги знаеме од филмови

Иако не сме најсреќни за тоа, викендов ќе го поминеме дома. Тоа е така веќе подолго време, но тоа не мора да биде лошо. Фимските класики, носат и филмска музика која не можеме да ја заборавиме. Па за оваа сабота, Елена Романова од Сити Радио, ни подготви топ листа од фимски саундтраци кои едноставно ги обожаваме.

I don’t want to miss a thing – Aerosmith

Моќна балада од 1998 година и водечки сингл на саундтракот за филмот Армагедон. Во истиот филм главна улога е Liv Tyler, ќерката на фронтменот на Aerosmith, Steven Tyler. Ова не е единствената песна за саундтракот за филмот на Aerosmith туку и “What Kind of Love Are You On”, “Come Together” и “Sweet Emotion”. Инаку ова е првата песна на составот којашто ги искачува на врвот во Америка. И сигурно сега потпевнувате: Don’t want to close my eyes I don’t want to fall asleep ‘Cause I’d miss you baby. And I don’t want to miss a thing…

Let it go – Idina Menzel

Колку и да е понова, не можеме да гo избегнеме фактот дека стана ултра популарна и кај најмалите и кај оние кои се грижат за нив. Дел од саундтракот за анимираниот филм на Disney, Frozen. Инаку прва песна од анимиран филм, којашто се искачила на врвот на топ листите во САД, по “Colors of the wind” на Pocahontas од 1995 година (потсетете се и на ова ремек дело). Сосема заслужено си освои и Оскар. Освен оригиналот, песната има многу преработки, а она што е интересно, препеана е на 41 јазик, што допплнително ја докажува популарноста на песната.

My heart will go on – Celine Dion

Песна од блокбастерот на Џејмс Камерон, Титаник. Песната стана интернационален хит и се искачи на врвот во многу земји. Песната е продадена во над 18 милиони копии и е најпродаваниот сингл на сите времиња. Добива многу награди меѓу кои Оскар, Греми за песна на годината како и златен глобус. Верувале или не, Селин не сакала да ја испее песната. Алал да му е на тој што ја убедил.

I will always love you – Whitney Houston

За оние кои не знаат, песната оригинално и припаѓа на Dolly Parton, a прв пат ја изведува во 1973 година. Секако се согласуваме дека далеку позната е оваа верзија којашто е дел од саундтракот на The Bodyguard (го имате на Нетфликс за да си се потсетите). Цели 14 недели беше на врвот во САД и се уште е најпродаваниот сингл во историјата на музиката испеан од женски вокал. Песната повторно котираше високо на топ листите по смртта на Whitney во 2012 година. Веројатно сите најдобро ја пееме под туш. А реално, никој не ја пее, како што ја пееше Витни.

Lose yourself – Eminem

Каков настап имаше на Оскарите минатата година со оваа песна Еминем, капа до земја! Дел од саундтракот за филмот 8 miles. Котираше на високото прво место во дури 19 држави. Критичарите ќе се согласат дека можеби ова е и најадобрата песна на Еминем (веројатно не мислиме сите баш така, но сепак е одлична). Еминем за песната доби Оскар, а со тоа влезе во историјата на како прва хип хоп песна која ја добила наградата. Она коешто дополнително го докажува успехот на песната е тоа што влезе помеѓу најдобрите 500 песни на 21 век.

Star wars theme (The Imperial March) – John Williams

Врвот веројатно во историјата на филмската музика е токму оваа композиција на John Williams. Има толку многу да се пишува и раскажува што веројатно би ви земало неколку часа од денот. Накратко, дел од саундтракот на The Empire Strikes Back. Најчесто ја слушаме кога се појавува Darth Vader, па многумина велат дека е негова композиција. Освен во Stars Wars филмовите, композицијата е употребувана во многу други филмови, спортски настани и слично. Погледнете го видеото на каде John Williams диригира, а оркестарот е премоќен. Priceless!!!

Ви предложување забавата да ја продолжите во една сосема друга насока, со топ-листата од македонски бој бендови. Ние минатата недела се изнаигравме по дома со нив, а и кој ни брани?

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!