Одри Хепберн е една од најобожаваните модни и филмски икони на 20тиот век. Позната по нејзиниот стил и убавина (внатрешна и надворешна) Одри го шармирала светот. Актерката родена во Белгија, а одбрана за една од 100те најпознати филмски ѕвезди на сите времиња, никогаш не го заборава своето потекло. Таа страдала за време на Нацистичката окупација, а тоа што добила помош кога и била најпотребна и дава животна цел и надвор од екраните. Иако играла во 31 филм, таа вели дека нејзината најважна улога е да биде амбасадор на UNICEF и да им помага на другите.
Одри го напуштила светот на 63 години, во 1993 година. Нејзините синови ја формирале Одри Хепберн фондацијата со цел да го продолжат нејзиното дело. Она што плени, се пораките на ѕвездата, кои се безвременски и се фокусираат на внатрешната убавина на жената, многу повеќе отколку на надворешната.
Одбравме 10 од нејзините најпознати изреки.
„Да не живееме ден за ден, туку да го цениме секој ден. Многу од нас живеат површински, без го го ценат тоа колку е убаво што воопшто сме живи“
„Оној кој не верува во чуда, не е реалист“
„За убави очи гледајте ја убавината во другите; За убави усни, зборувајте со добрина; А за добро држење, движете се знаејќи дека никогаш не сте сами.“
„Давањето значи живеење, ако престанете да давате, нема повеќе за што да живеете.“
„За човекот може повеќе да дознаете од она што го зборува за другите, отколку од тоа што го кажува за себе“
„Зграпчете го денот! Уживајте во него до даска! Во денот таков каков што е, во луѓето, такви какви што се.“
„Верувам во тоа да се биде силен кога се ни оди во погрешна насока. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е нов ден и верувам во чуда!“