Денеска е светскиот ден на пастата и јадеме Eatalian

25.10 е светски ден на пастата! Од каде потекнува ова јадење? Секако од Италија, а првите пасти се верува дека се направени во 1виот век од н.е. Денот на пастата ние го дочекавме скромно во кругот на семејството, со свежа паста од малото, локално takeaway место – Eatalian.

Местото се наоѓа во Скопје карши градскиот парк (до Ван Гог). Новина за нас е свежата паста. Одлучивме да се разгалиме, па со мала доплата пробавме свежа паста од Eatalian.

Фото: Ана Аврамовска

Одбравме таљатели фунги и алио олио. Првите-фунги се одлични доколку сакате силен вкус на печурки, подготвени совршено. Во сосот има два вида на печурки шампињони и вргањ. Ова е дефинитивно еден од нашите фаворити!

Фото: Ана Аврамовска

Вторите – Алио олио се полесни и одлично одговараат со свежата паста.  Лути се, што за нас беше одлично бидејќи сме љубители на лута паста. Вкусот на лукче, маслиново и чили пиперче никогаш не разочарува. Секако се јадат со многу пармезан!

Фото: Ана Аврамовска

И да не останат покуси пиците, земавме уште една Зукини гарден пица со тиквичка! Ова ни е омилената пица од Eatalian, па не само што не остана покуса, туку не остана ниту едно парче од неа. Цела ја изедовме.

Никогаш не разочаруваат со квалитет, па откако отворија често знаевме да земеме паста/пица и да правиме “состанок” во паркот во Скопје. А за денот на пастата има и 20% попуст на сите пасти и лазањи.

Попустот може да го искористите физички, или да нарачате онлајн со кодот WPD2020. Ако не Ве носи патот накај парк може да си нарачате низ цело Скопје, доставата е бесплатна зависно од висината на нарачката.

Фотографиите се толку прекрасни благодарение на девојките од Eatalian Takeaway кои ги дотераа за да ги сликнеме. Погледнете како изгледаше тоа, на галеријата во продолжение.

Ако ви потекоа лиги, може да си нарачате онлајн на Eatalianpizza.mk

За попусти и промоции, може да ги следите и на нивните Инстаграм и Фејсбук профили.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!