Новиот начин на чистење на лицето, кој е апсолутен хит на инстаграм го промовира козметиколог од Лос Анџелес – Најамика Робертс Смит. Таа вели дека лицето треба да се чисти 60 секунди, за да биде навистина чисто.
Просечно го чистиме лицето по 15 секунди, што според Робертс не е доволно за да се исчисти лицето. Користете пена за чистење (или гел), и чистете го лицето со нив најмалку 60 секунди. Хаштагот на инстаграм #60secondsrule, покажува извонредни резултати од ова едноставно правило.
Робертс за магазинот Космополитен изјавила дека овие 60 секунди, му даваат време на средството да ја совлада нечистотијата. Дополнително ќе имате време да се фокусирате на деловите каде се собира нечистотијата: околу носот, под устата и покрај косата. Можете да се водите и според ова видео, на кое Најамика покажува како правилно да се чисти лицето (по 3тата минута).
Бесплатно е, едноставно и логично. Ние ќе го пробаме, а вие? Кажете ни што мислите?