Светот е чудно и прекрасно место. Од розевото езеро во Австралија до Јапонски остров со кој управуваат мачки. Погледнете ги овие 10 кои сакаме а не можеме да ги посетиме оваа година!
- Тијанзи планините во Кина
Лоцирани на северозапад од провинцијата Хунан во Кина, овие зачудувачки врвови од варовник се покриени со бујно зеленило и честопати се обвиткани со магла. Многу луѓе претпоставуваат дека од тука е извлечена инспирацијата за пловечките планини во блокбастер филмот Аватар.
- Езеро Хилиер во Австралија
Езерото има розова боја во текот на целата година, што според некои научници е поради присуство на алги, познати како Dunaliella salina и розови бактерии познати како халобактерии.
- Раката во пустината, Чиле
Чилеанскиот скулптор Марио Ираразабал е одговорен за ова многу чудно уметничко дело што се издигнува од песок среде пустината Атакама во Чиле. Ираразабал е познат по своите дела поврзани со човечко страдање и оваа огромна скулптура доловува чувство на осаменост, влошена од нејзината пуста и затскриена локација.
- Плажа од стакло во Калифорнија
Оваа блескава плажа од морско стакло во Калифорнија е извонреден ефект на повеќегодишно ѓубре што се фрлало на плажата; Со текот на времето, брановите разделиле сè во разнобојни камчиња и плажата стана главна туристичка атракција. Доказ дека природата е најголем уметник, дури и од нашето ѓубре успеала да направи атракција.
- Памуккале, Турција
Местото содржи топли извори и тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Се наоѓа во внатрешниот дел на Турција на Егејското Море. Колку пати и да го видиме на фотографија, секогаш ќе ни изгледа волшебно.
- Островот на Мачките во Јапонија
Првично мачките биле охрабрени бидејќи островот произведува свила, а глувците се природен предатор на свилени буби. Локалните рибари ги сметале за среќа и на островот има дури и светилиште за мачки, заедно со новоизградените куќи во форма на мачки за престој на туристите. Се подразбира дека не се дозволени кучиња на овој остров!
- Островот Сокотра, Јемен
Овој оддалечен остров изгледа како сет на научно-фантастичен филм. Неверојатниот и уникатен биодиверзитет на Сокотра значи дека тука има растенија и дрва кои не се наоѓаат на ниту едно друго место во светот!
- Христос од бездната, Италија
Ова е 2,50 метри, добро прочитавте, тоа е 2,5 метри висока бронзена статуа на Исус Христос, која е под вода. Омилено место за длабокоморските нуркачи, и дефинитивно едно од најчудните места низ целиот свет лоцирано под вода.
- Море од ѕвезди, Малдиви
Биолуминисцентен морски планктон кој сјае сино во текот на ноќта, прави плажата на островот Ваадхо да изгледа како Seaвездите да се симнале во морето.
- Мртвото море
Не можеш да пливаш? Нема проблем! Мртвото море , ќе Ви овозможи да пловите без никаков напор, поради големиот волумен на сол и други минерали во водата. Мртвото море е 10 пати посолено од океанот.
Бонус видео: Доколку не ви беше доволно ова „патување“, еве видео од ролеркостер низ Швајцарските планини.