Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови. – вака го почнуваат текстот за ситуацијата во Полска македонските феминистки од Медуза.
Полскиот Уставен суд во четвртокот одлучи дека абортусот поради аномалии на фетусот е неуставен, со што ја забрани најчестата од неколку законски основи за прекинување на бременоста во Полска.
Актот наречен „компромис за абортус“ е дозволен кога бременоста претставува закана за животот или здравјето на бремената жена, кога бременоста е резултат на силување и кога пренаталните тестови или други медицински причини укажуваат на голема веројатност за сериозно и неповратно оштетување на фетусот или во случај неизлечива болест. Доколку пресудата за Уставниот суд стапи во сила, оваа трета премиса, која е и најкористена ќе стане незаконска.
Според истражувањата на јавно мислење, повеќе од половина од Полјаците сакаат пристап до абортус до 12-та недела од бременоста, а само 15 проценти би сакале да се заостри сегашниот закон. „Ова е војна“, гласеа дел од транспарентите на протестите. Штрајкот на жени продолжува.
Жени и мажи кои бараат нормалност и фер однос кон жените ги заземаа улиците во Полска. Ние ги поддржуваме Полските жени во борбата за нивните права, а целосниот (и одличен) осврт на ситуацијата може да го најдете на женската платформа Медуза.