Есен и зима, имаат добри и лоши страни. Дел од добрите се удобните џемперчиња, дел од лошите што после 1 месец веќе не знаеме уште како да ги искомбинираме.
Затоа одбравме 5 комбинации, кои можеби не ви паднале на памет, а изгледаат многу кул. Кога го правевме изборот, се трудевме тоа да бидат комбинации, кои може да не инспирираат да искористиме нешто кое одамна не сме го носеле, особено не со џемпер.
Долго цветно здолниште, и моќен голем џемпер
Ќе признаете дека ова не е нешо кое прво ќе ви дојде на памет кога ќе ја видите ролката. А, изгледа толку добро! Може да го комбинирате и со чизми црни како на сликата, или повисоки чизми, доколку сакате да ви биде потопло. Секако е добитна комбинација. Бонус е тоа што и широкиот џемпер и долгото здолниште се удобни за носење.
Бел џемпер со бордо, сомотни ѕвонасти патналони
Малку ретро, зошто да не? Ѕвонастите панталони веќе неколку години се вратени на сцената, а со овој бел џемпер се совршена комбинација. Доколку имате повисоки обувки, може визуелно да ја издолжи фигурата. Но, долгата фигура и не е најважна, најважно е дека изгледа, толку кул.
Кошула со дезен, бел џемпер и кожни панталони
За оние што сакаат по малку да шокираат, а сепак да изгледаат професионално, тоа се прави вака. Обично комбинираме бела кошула, со џемпер во боја, никогаш не сме помислиле дека токму обратната комбинација може да биде „добитна“.
Крем џемпер со копчиња и карирани пантолони
Покрај тоа што девојката одлично позира, и комбинацијата не освои. Едноставно е, правилото е џемперот да одговара со барем една од нијансите на пантолоните. Значи со овие на сликата може да носите крем, бел или црн џемпер. Особено ни се допаѓа тоа што е со големи копчиња, а широк. Ланчињата само додаваат магија. Во совршен свет би оделе вака на работа.
Црвен голем џемпер и мало црно здолниште
Тоа е тоа, прекрасно изгледа. Кратките зголништа не мора да ги пензионирате кога ќе дојде есента. Напротив, тогаш го покажуваат целиот сјај. Џемперот е ролка, карминот е иста црвена боја, а хулахопките црни, ретко што изгледа толку кул. Пробајте, мини е секогаш добра идеја.
Се надеваме дека ви помогнавме, а ако не, барем се изнагледавте убави комбинации со џемпери. И тоа е нешто!
Фото: Pintrest