Sверката нема да биде дел од продолжението на „Сексот и градот“

Ова може да биде добро или лошо? Ќе објаснаме малку подобро подолу. Најпрво кратка информација. Со цел 2021 да не пропадне целосно, HBO одлучија да прават продолжение на Сексот и градот. Имено ќе има цела нова сезона, 10 епизоди! Од друга страна ќе ги гледаме само Миранда, Кери и Шарлот, а Саманта нема да биде дел од продолжението. Е сега, дознаваме дека нема да го гледаме и Mr. Big. Последното што го знаеме е дека г-дин Голем и е маж на Кери. Но актерот изјавил дека нема да учествува во продолжението. Овој прешармантен лик сигурно ќе ни недостасува, но дефинитивно не е совршениот партнер.

Имено, има доста критики кон оваа љубовна приказна. На некој начин, односот помеѓу Кери и Sверката не е баш здрав пример за љубовен однос. Имено, Sверката има проблеми со емотивна поврзаност, често ја остава Кери на цедило (вклучувајќи ја и нивната свадба) и не е баш верен партнер. Сепак, овој однос помага за драматизација. Важно е да се истакне дека тоа не е здрав однос, и дека во вистинскиот живот не е препорачливо да трчаме по партнери кои постојано не оттурнуваат од себе. На филм, тие најверојатно ја сакаат главната личност, но имаат т.н. commitment issues… Во реалниот живот пак, добро е да разберете дека некој, едноставно не сака да биде со вас. Тоа ќе ви олесни да излезете од токсичниот однос исполнет со лаги и филмски интриги и да најдете вистинска љубов. А таа, не е со Sверката туку со некој кој сака да биде тука, покрај вас. Најпосле и не мора да постои врска по секоја цена, некогаш навистина сме подобри сами. Да се вратиме на Сексот и градот. Драго ни е што има продолжение и едвај да видиме што следно ќе им се случи на овие девојки во 50тите години. А вие?

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!