Женските статистики, се на наша страна. На nea.mk следува серија текстови во кои ќе споделиме некои интересни податоци за жените. Денеска пишуваме за жените на управни функции и како тоа влијае на успехот на компаниите. Следуваат текстови и за „розевиот данок“ односно за тоа колку повеќе плаќаат жените од мажите за истите производи, како и за тоа кој зборува повеќе мажите или жените.
Еве неколку причини зошто сакаме повеќе жени на работното место:
- Според листата од 500 најуспешни компании на Fortune, компаниите со највисок % на жени во управните одбори, покажуваат финансиски подобри резултати, од оние со ниска застапеност на жени.
- Тимовите за продажба кои се полово балансирани, имаат подобри резултати во продажбата од тимовите во кои продавачите се само мажи.
- Истражување на Галуп, покажува дека тимовите во кои има полова рамноправност, покажуваат подобри финансиски резултати и носат поголем профит за компаниите.
- Во Англија, 36% повеќе жени се запишуваат на факултет отколку мажи. Во Македонија имаме повеќе жени доктори на наука, во однос на мажи. Исто така поголем е и бројот на жени магистри. Оваа бројка сепак не се одразува соодветно на пазарот на труд, каде директорските, политичките и професорските позиции се почесто резервирани за мажите.
Во кампања за убавина брендот L’ancome ја искористи „женската“ статистика (Data Science), за уште еднаш да порача дека жените, и тоа како, си го заслужуваат местото високо во компаниите.
На овие две слики кои беа објавени и на билборди пишува:
- Оваа реклама е за мажи. Компаниите кои имаат жени на менаџерски позиции, покажуваат 24% повисоко задоволство од менаџментот.
- Оваа реклама е за мажи. Компаниите кои имаат жени на лидерски позиции имаат 15% повисок профит.
- Оваа реклама е за мажи. Во делот на иновацијата, компаниите кои имаат жени во менаџментот имаат 20% повеќе патентирани производи.
Единствениот свет каде жените се сериозно помалку застапени е светот на технологијата и ИТ индустријата. Жените во овој сектор се застапени под 30%. Малку не има и на менаџерски позиции во оваа област, но има сериозен раст од над 3% за само една година. (2019 во однос на 2018).
Овој текст е направен во соработка со Data Masters. Истражувавме што викаат податоците за жените и ќе продолжиме со овие интересни статистики.
Со оглед на податоците погоре сè што ни треба се повеќе жени обучени да работат со податоци и ИТ системи. Затоа, доколку сакате да го надополните вашето знаење, да правите вакви (и многу посериозни анализи) може да се обучите во областа на Business Intelligence и Data Science. Академии, кои се акредитирани и од Министерството за образование нуди компанијата Data Masters. Бонус: Голем дел од главните предавачи се жени, кои активно работат во областа. Академиите може да ги видите на: https://academy.datamasters.co