Што значи грижата за себе? Здрави навики од 1 до 9!

Често слушаме дека е важно да се има здрав животен стил и да се грижиме за себе. Одлична реченица, но што всушност вклучува во себе? Во продолжение од 1 до 9 ќе ги споделиме здравите навики кои треба да ги практикуваме (колку можеме повеќе). Она што е важно е да се трудиме да го постигнеме тоа, сепак да не „се јадеме“ премногу ако не успееме, баш секој ден да го живееме совршено.

1 Сесија вежби дневно

Сесијата не мора да трае 1 час. Може да биде полесен тренинг, но важно е да се движиме. Не само за нашето тело туку и за нашиот ум.

2 Часа без телефон пред спиење

Ова е одличен начин да се опиштите. „Скролањето“ на социјални медиуми пред спиење често се поврзува со несоница, вознемиреност и потресеност. Пред спиење прочитајте книга, пуштете филмче, напијте се винце, слушнете се со некој кој ви е близок…

3 Оброци и 3 здрави ужинки

На овој начин нема да бидете прегладни. Кога има предолга пауза помеѓу оброците, често се јавува потреба од шеќер па јадеме нешто кое не е здраво. Ова често води и кон прејадување. Планирајте ги оброците.

4 Паузи

Паузите се важни за нашето здравје еднакво колку и работата и активноста. Одморете, истегнете го грбот, направете кратка пауза со колегите. Ќе се вратите на обврските посвежи.

5 Оброци кои вклучуваат овошје и зеленчук

Тоа не значи дека треба да јадете само овошје и зеленчук. Внесете нешто здраво во секој оброк и ужина. На пример доколку доручкувате кајгана, додајте зелена пиперка.

6 минути медитација

Повторно, дел од оние 4 паузи нека бидат и овие 6 минути. Бидете присутни во моментот и целосно опуштете се.

7 чаши вода

Да, знаеме дека не е толку лесно колку што изгледа. Но, имајте шише покрај себе цело време. Така се намалува веројатноста цел ден да не се напиете ниту чаша вода.

8 часа сон

Ова го знаете. Сите се трудиме да ги најдеме тие 8 часа. Сепак, важни се. И за убав изглед и за добро функционирање на организмот. Ако ништо друго, оваа 2020та барем добро се отспавме.

9 илјади чекори

Една од добрите страни на технологијата е тоа што не потсетува на нашите цели за здрав живот. Една од нив нека биде да направите барем 9 000 чекори дневно. Одењето е одличен тренинг, и за телото, но и за мозокот.

Знаеме дека е многу и не заборавајте да одвоите време за пријателите макар и по цена на некоја од горенаведените активности. Според еден од нашите текстови, социјалниот живот (па дури и оној преку стиминг платформа) е важен за долговечноста.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!