Се! Не знам за вас, ама авторката на текстов – јас се пакувам целосно различно за викенд и за ПРОДОЛЖЕН викенд. За викенд може да ме собере во ранец, ама за продолжен викенд… Тоа е сосема друга приказна.Тој 1 ден плус во мене буди класична инфлуенсерка, па така ако за 2 дена носам ранец, за 3 дена го пакувам најголемиот куфер кој го имам. Истиот зафаќа простор колку половина од мојот плакар, затоа што во него и буквално го собирам пола плакар. Ако и ти/Вие го делите мојот проблем, мислам дека овие совети ќе ни помогнат на двете.
Како да планираме?
Лесно, со список. Запишете што Ви треба, и смислете комбинации за облекување однапред. Знам дека Ве мрзи, ама ќе си бидете благодарни кога ќе стигнете. А и тие со кои патувате ќе ви бидат благодарни што нема да се спремате цела вечност.
- Облека
Што ќе носите на плажа секој ден?
Може да е едно фустанче, маица и шорц/сукњичка и/или фенси наметка.
Сеедно потребни ви се од 1 до 3 парчиња облека вкупно за три дена на плажа.
Што ќе носите навечер?
Со коронава, пижами! Но во нормални услови не е лошо да се испланира и ова. Доколку излегувате може да земете некој фустан или комбинации кои се опуштени, но повечерни. Доколку седите на плажа(или во двор/на тераса) земете удобна облека (и така ништо не се гледа навечер), и задолжително јакна или наметка! Односно уште 1-5 парчиња облека.
Важно! Имајте план! Макар и тоа да биде дека секој ден на плажа ќе го носите истото удобно фустанче и вечерта истите тренерки. Само така нема да носите непотребни глупости.
- Обувки
Апостолки, патики (или мокасини, балетанки…) + сандали (за средување)
Бонус совет: Проверете ја временската прогноза! (знам дека е тоа нормално, ама може да заборавите)
- Хигиена, козметика и ситници
Во продолжение е мојот список:
Четка и паста за заби – морав да кажам, „другарка“ ги има заборавено еднаш… а таа другарка сум јас; Крема за сончање; Крема за лице (за после сончање); Купка/шампон за коса (може да биде и едно, ако мажите така живеат можеме и ние на еден викенд?); Чешал/четка); Ластичиња/штипки за коса – ако имате долга коса знаете зошто; Лабело, лесна пудра и маскара само ако ептен морате!
Не земајте пегла за коса и фен за џабе. Плажа-фризурата е секси, а може да направите и надворешни плетенки (кои исто се секси и нема да јадете прамени коса при најмало ветерче).
- Долна облека и пижами.
3 пара гаќички, едно прслуче и пижами (или промотивните маици во кои спиете). Ако сте љубители на секси облека, горенаведените ќе заземат уште помал простор.
А, да – прслукот не е задолжителен!
- Наочари, ташна за плажа/ранец (со кој/а може и да патувате).
- И НАЈВАЖНО!!! – Земете купачи! Освен ако не одите на нудистички плажи, во тој случај можете и без нив.
Вкупно: 3-7 парчиња облека (фустанче, 2 маички, фармерки/хеланки, шорцеви и „нешто за ако залади“), долна облека и пижами; 1 несесер; КУПАЧИ!; Наочари и ранец/ташна. Секогаш ќе направиме место и за добра книга!
Тоа е тоа. Три дена се. И јас не го разбирав ова додека мојот партнер не одлучи да одиме на продолжен викенд со мотор. И така моравме двајцта за се спакуваме во ранци, можно е девојки! Само треба да се сака.