Робот правосмукалка – чисти сама и истовремено го храни кучето

Да се разбереме чистењето не е женска работа, ниту машка, туку човечка. Но, не за долго. Се попопларни се роботските чистачи. Идејата е да го пуштите и тој да го чисти подот додека вие гледате Нетфликс. Прекрасно. Најновиот крик на оваа технологија, не само што чисти туку паралелно го забавува вашето куче, и му пушта храна. Сеуште не е достапна на пазарот но концептот на „Пуро“ -робот правосмукална и грижа за миленици. Целта е таа да го чисти домот, но и да се грижи и да ги забавува милениците кога нивните сопственици не се дома.

Чистачот има 3 функции: си игра со животинчето, чисти и го прочистува воздухот. Ова е особено важно, затоа што оние кои живеат со миленици, често имаат потреба да чистат, а роботот ја прочистува и миризбата во воздухот. Па така просторијата има пријатен мирис.

Роботот сеуште не е достапен на пазарот, а и веројатно ќе биде доста скап. Го дизајнирал Таеук Хам, дизајнер кој сакал да го намали стресот особено кај луѓе што живеат сами, со миленици. Но ќе се сложиме дека секој би сакал да има вакво помагало и да се врати дома, на чисто после напорен работен ден.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!