По неколку месечен карантин и седење дома сите сме зависници од папучи. Па, логично и модата се приспособува. Ким Кардашијан го прооде, а летово е веќе израснат трендот на носење папучи (па и апостолки) на штикла – во текстот во продолжение папуча-штикла.
Ким во познатите папучи со проѕирна штикла на Yeezy-колекцијата креирана од Kanye West.
Не се коментираат стилови и вкусови, а ќе признаеме дека некои од модните куќи издадоа и доста кул папуча-штикли:
Но, дали може да се оди во нив? Одговорот е не! Подетално во продолжение:
- Тешко е да се оди на секаква штикла, а не папуча.
Спојот на овие две, сам по себе е неудобен.
- Прегласни се!
Недостигот на потпора за задниот дел не само што ги прави тешки за одење туку и гласни. Замислете ги звуците на штикла и папуча заедно. Тоа е тоа. Конечно, сите ќе се свртат по вас! Затоа што ќе ве слушнат додека доаѓате, кога ќе си одите, кога ќе бидете на другата улица, кога ќе бидете во соседниот град, па и во соседната држава…
- Петата ќе ви отпаѓа. Цело време.
Не безбедно, а не е ни секси.
Позитивна страна – покрај со повреди, можно е да се здобиете со мускулна маса!
Одењето на папуча-штикла бара огромна физичка подготвеност и баланс. Цело време мора да балансирате со рацете и да го држите стомакот стегнат. Сепак препорачуваме пилатес.
Тимот на nea.mk искрено ве советува да одберете сандали на штикла. Не е дека имаме каде да ги носиме сега за сега, ама и за по дома се побезбедни.
Автор: Јована Неа