Oваа недела направивме краток муабет со фармацевтката која себе се нарекува Магнолија. На нејзиниот инстаграм профил таа објавува совети за нега на лице и избор на препарати за таа цел. Она што нам особено ни се допаѓа е дека зад профилот се крие екперт од областа. Таа е фармацевтка која е порасната во Македонија, а живее во Франција. Дополнително се дообразувала за фармација со фокус на нега на кожа, па така нејзиниот профил е еден од ретките кои се навистина водени од стручни лица.
Здраво Магнолија, те следиме преку слики со совети на Инстаграм, а на профилот ретко се протнува и некоја приватна фотографија. Па за почеток која е Магнолија?
Мајка скоро 4 години, сопруга цели 5 години, фармацевт веќе 6 години.
Како дојде на идеја да почнеш со објавување?
Спонтано. Обожавам декоратива и препаратива. Обожавам сѐ што е козметика. Почнав да објавувам за шминка, па наидов на коментари од блиските пријатели зошто не почнам да пишувам за нега на кожата. Почнав и не се покајав. Помогнав на многу девојки и сум пресреќна.
Омилен пост/Омилен совет кој може да се најде на твојот профил?
Пост… Секој еден е направен со многу љубов и навистина не можам да издвојам. Омилен совет, сега и секогаш: носете крема со заштитен фактор секој ден.
Најлајкуван пост?
Мислам дека беше еден пост за правилна примена на креми и серуми.
View this post on Instagram
Колку е важна еспертизата како фармацевт за да може некој да „дели совети“ за правилна нега на лицето?
Многу. Фармацевтите се тие кои всушност ги формулираат тие производи кои ги користиме. Ја знаат суштината на секој еден. Понатаму, кога прв пат ќе се соочиме со проблем од било кој тип, прво се обраќаме во аптека, бараме лесно достапно решение, без да чекаме ред за термин. Некогаш тоа е сосема во ред, но некогаш едноставно мора да се посети соодветно специјализиран доктор.
Во Франција за дерматолог се чека термин околу 3/4 месеци и сите фармацевти се специјализирани соодветно за нега на кожа. Тие обуки ги поминав и јас, и смеам да предлагам соодветни препарати кои се познати под името ОТС (over the counter) и се достапни без рецепт. Никој и никогаш не смее да препорача и издаде нешто што треба да е препишано на рецепт, што за жал во Македонија и не е пракса.
Живееш во Франција, па според тебе кој повеќе се грижи за негата на кожата македонките или французинките?
Французинките. Вложуваат во својата кожа од најмала возраст. Се обучуваат. Кога им објаснуваш за некој продукт те слушаат со целото внимание и даваат сѐ од себе да постигнат совршен резултат. Ме радува што во последниот период и Македонките почнаа да се грижат интензивно за својата кожа.
Колку често ти пишуваат мажи во врска со негата на лице?
Во последниот период сѐ почесто.
Дали скапите креми и препарати за нега се секогаш подобри?
Не. Слушајте ја вашата кожа. Тоа е нешто што не се купува со пари, ама вреди многу.
Што е она кое би сакала сите да го знаат кога е негата на кожата во прашање?
Ако некој се прашува како да започне, што да прави за да и помогне на својата кожа само нека почне да ја чисти и хидрира редовно, па дури и најмало подобрување ќе биде видливо после краток период.
Каков е твојот став околу користењето ботокс и слични антиејџинг техники?
Јас сум за. Ако тоа ме прави среќна и мислам дека ќе направи да се чувствувам и изгледам поубаво и јас ќе го применам, еден ден.
View this post on Instagram
Доколку одлучиме да одиме на козметичар, како да одбереме на кого ќе му ја довериме негата на нашето лице?
На ова прашање навистина не би знаела како да одговорам. Јас искрено повеќе се плашам да одам на козметичар и фризер, отколку на заболекар.
Каде можат да те најдат или контактираат оние на кои им треба совет или за соработка?
За совет, до скоро бев достапна само на мојот иснтаграм профил. А сега сум и на сајтовите на bellina.mk и coslovemetics.mk
Следете ја @magnolia.glamour на Инстаграм за повеќе совети!