Во соработка со nea.mk разбиваме митови за исхраната. Целта е информирано да носиме одлуки за тоа што и колку внесуваме во телото.
Мит #1: Кафето е штетно за организмот
Многу често го слушаме ова, особено оние од нас што сакаат да пијат кафе. Сепак по се изгледа дека за тоа дали кафето е штетно или не, одлучуваат нашите гени. Кафето е извор на кофеин и висока конзумација често се поврзува со зголемен ризик за срцеви заболувања. Но според најновите истражувања генетиката игра голема улога во метаболизмот на кофеинот. Тој метаболизира главно во црниот дроб (од ензимот цитохром P450 1A2 (CYP1A2)).
Носители на генетски полиморфизам (CYP1A2*1F) се сп
Негативниот ефект е забележан при внес на 4 или повеќе кафиња на ден. (1.64 пати поголема веројатност за МИ при конзумација на 4 или повеќе кафиња на ден споредено со помалку од едно кафе на ден). Останати студии насочуваат дека консумација на повеќе од 4 кафиња дневно може да биде корисно за брзите разградувачи на кафе. Така што не е вистина дека кафето е штетно за вас, но може да биде и така, зависно од вашите гени. Како и да е конзумирајте го кафето умерено и со голема чаша вода.