Во една од најновите реклами, компанијата Нетфликс им се заблагодарува на сите мајки во своето семејство. Тие велат дека го ставаат мајчинството во фокус. А во видеото ги гледаме сите предизвици со кои се соочуваат мајките на филмскиот сет, но веруваме дека сите мајки кои работат ќе се пронајдат во ова видео. Убаво е да се види како тие режираат, глумат во главни улоги, снимаат, работат на звук, организација на сет, организација на сцена, читаат синхронизирани цртани и уште што не. Уште едно видео кое ја покажува моќта на жената.
Видеото ги слави мајките, а ние треба секој ден да ги славиме сите жени, и оние кои се мајки и оние кои не се, оние кои се борат да бидат и оние кои немаат такви амбиции. Секако мораме да признаеме дека мајките кои се и амбициозни жени се соочуваат со огромен, но и прекрасен предизвик и заслужуваат да од време на време да бидат во Фокусот. Секако правење на видео не е доволно, важно е компаниите навистина да ги заштитат жените во периодот на бременост. Но тоа е нова тема, на која ќе пишуваме подетално во иднина. Сега уживаме и смееме со предизвиците на мајките на филмскиот сет.