Интересна апликација на Merriam Webster’s речникот покажува кои зборови се родиле во одредена година. Така можете да проверите кои англиски (па и интернационални) зборови се родиле истата година како и вие.
Се што треба да направите е да одите на Time Traveler апликацијата на речникот. Таму одбирате која година сте родени (или која година е роден некој близок), и речникот ви ги дава зборовите.
Интересно е да се разгледаат и другите години. Еве неколку примери:
1982
Се родиле зборовите:
AIDS, alt-rock, barista, boy toy, break dancing, concealed carry, couch potato, cyberspace, designated driver, e-mail, face-plant, gaydar, G-spot, microbrewery, text messaging, turducken.
Голем дел од овие зборови се интернационални и се користат и во македонскиот јазик. Интересно е дека зборовите кои денеска се дел од секојдневието се родиле токму оваа година. Праќање на пораки (text messaging), Брејк танцување, е-мејл (електронска пошта) и Г-точка.
1992
Се родиле:
Body camera, booty call, DVD, e-commerce, fashionista, game changer, microdermabrasion, robocall, webmaster, web page, website
Значи пред 28 години се родени и DVD, е-трговија, вебсајт, веб-страница. DVD е веќе во историјата, додека веб страница читате сега.
2020
Годинава, погодувате, се раѓаат многу зборови поврзани со Корона:
Coronavirus disease, COVID-19, CV-19MIS-Cmultisystem inflammatory syndrome in children pediatric, multisystem inflammatory syndrome, physically distance, PMISSARS-CoV-2
Што се однесува до македонскиот јазик, ние се надеваме дека набргу некој ќе се сети да го збогати. Односно дека конечно нашиот речник ќе добие и нови, современи зборови кои ќе одговараат на времето во кое живееме. Па така, би биле пресреќни ако можеме да провериме и кои македонски зборови се родиле истата година со нас.
Да се надеваме дека сите заедно ќе држејќи физичка дистанца (фраза родена годинава) во 2021 ќе имаме повеќе среќа и подобри зборови. Поврзани можеби со патувања, со повторно гушкање на блиските и со постојано одење на концерти и претстави.