Периодот, зад па и пред нас го одбележа седењето дома. Кој колку може. Но желбата за добра модна комбинација не ни помина. Напротив кај многу од нас се засили. Па еве неколку понеделнички идеи од nea.mk за тоа кои бои ќе бидат „во тренд“ следниве неколку месеци…
Покрај бордото, темно зелената, цигла бојата и кафената кои се обележје на секоја есенска сезона, мора да признаеме дека годинава ќе имаме интересен избор. Пастелните, силните и веселите бои кои не ги носевме доволно на пролет, ќе имаме можност да ги носиме во есен. Кул!
Оваа пролет, најмногу се носеа пижами, но затоа есента може да биде шарена! Сепак, палетата на бои е есенска. Портокалово, црвено, сино. Неколку сезони по ред модерен е монохроматскиот излглед, односно облекување во иста боја од глава до пети. Добро, не мора буквално до пети, кондурите може да бидат во друга боја. И иако изгледа шик, не препорачуваме да носите отворени сандали во есен. Причините се јасни: ладно е, и врне.
Уште неколку примери кои можат да ви бидат интересни. Крем од глава до пети, пастелна сина боја, црна боја и сив тексас. Предлагаме да го отворите гардероберот, да најдете комбинација од две парчиња во иста боја и имате кул аутфит!
Шалварите се враќаат на голема врата, што е и нормално со оглед на тоа дека доста време поминавме во јадење и лежење 😉
А, и сандалите изгледаат толку кул, што си мислиме дека можеби и ќе се носат уште неколку дена…
Да не бидеме „некреативни“, со предлози само во една боја, еве интересна и есенска комбинација кафено и (небо)сино. Мислете на пожолтени кафени лисја и сино небо. Тоа е тоа, и навистина не’ радува оваа палета на бои. Ја има смиреноста која се бара на есен, но нежно сината боја е навистина шик и не развеселува во овие дождливи денови. Ако немате сини пантолони, може да комбинирате и со светол џинс.
За крај, тимот на nea.mk сака да ви каже дека секако сте најубави кога носите насмевка.