Идеи за новогодишни подароци што може да ги направите сами

За новата година да ни биде посреќна потребно е малку. Малку креативност и малку желба и можете да ги усреќите пријателите и семејството. Периодов сите некако се отуѓивме, а со овие мали и слатни новогодишни подароци, ќе си ја стоплиме душата.

Еве ги нашите предлози:

Честитки

Направете честитки сами! Земете новогодишни фломастери или маркети, ако сте малку поспретни може и акварелни бои или водени боици и набавете подебел конец во боите на нова година. На подебел хамер исечете во која форма сакате да биде вашата честитка направете дупчиња во формата која сакате да извезете и со иглата и конецот или волнениот конец извезете ја формата, потоа напишете некоја позитивна порака која на сите би ни годела во овој период и пратете го по пошта. Нема некој што нема да се израдува на новогодишна честитка во неговото сандаче. Еве и неколку фотографии што можеби ќе ве инспирираат.

Чоколади

Не е важно колку години имаме сите се радуваме на чоколади посебно кога тие се во новогодишно пакетче! Овие чоколади што ги гледате подолу на сликите можете да си ги направите дома. Купете чоколади црно, бело, млечно стопете ги на пареа и поставете ги на тава со хартија за печење. Направете ја посакуваната форма или обичен правоаголник кој подоцна ќе го исечете на коцки или неправилни форми. Можете и да ги помешате чоколадите и да ги исшарате со обична чепкалка за заби и да добиете шарено чоколадо. Украсете ги со што сакате овошје, бонбони… и ставете ги во фрижидер или замрзивач. Кога ке се изладат убаво исечете ги, уште поубаво ке се сечат ако ножот е топол, така ке добиете поправилни форми. Спакувајте ги и вашиот подарок е спремен.

Чај

Есен и зима се оние годишни времиња кога чајот ни е омилен пијалок посебно во домашни услови со добро филмче или книга и неколку свеќички. Зашто да не направиме новогодишен чај за нашите најблиски кога е толку лесно. Во мали теглички ставете мешавина од чаеви какви што највеќе би им се сфиѓало на тие што им го подарувате, додадете стапче цимет во тегличката и суви овошја. Затворете ја тегличката заврзете коноп и некое гранче бор или оние новогодишни лижафчиња и подарокот е готов да израдува и да ја направи оваа зима поубава и помиризлива.

 

Ајде да ја завршиме оваа година подобро. Заедно и кога сме на далечина. Направете некого среќен, не е потребно многу!

 

 

 

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
Ана Банана
Ана Банана
Ана е архитектка, во слободно време изработува накит, пие розе и пазари. Тука е за да ни помогне да си го разубавиме просторот во кој живееме и затоа што сака да пишува.
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!