Доколку не читате, веќе знаете дека со астрологот Зорица, правиме серијал за однесувањето на хороскопските знаци на шопинг. Па овој пат дознаваме како купуваат лавовите и згодните риби.
ЛАВ
Лавот, знае да го „намириса“ доброто парче облека. Магнет за се што е квалитетно, модерно и ексклузивно. Сакаат да купуваат во друштво, со публика (секако). Но откако ќе го пикираат вистинското парче стануваат лути. Затоа што најверојатно тоа парче е „изгор“ скапо. Тоа често значи дека ќе го остават и ќе бараат слично, но со реална цена. За таквите ние во nea.mk имаме цела рубрика: Инспирирани од модните писти, а облечени од брендови достапни кај нас.
РИБИ
И рибите знаат да одберат парче, но тие не се толку добри со финансии. Рибата буквално се заљубува во конкретно парче. Секогаш го купува она што најмногу ќе и се допадне, но не и она што и е најпотребно. А бидејќи не се разбираат многу во финансии често прават чудни комбинации, како купување на рати, кредити и слично.
Ако ви се допадна оваа хороскорска забава дознајте и како купуваат останатите знаци.