Доаѓа викенд: 5 комбинации со тренерки и дуксери

Викендов ќе го поминеме во тренерки најверојатно дома, или до парк/продавница. Но дали тоа мора да биде така лошо? Ние веруваме дека не. Затоа одбравме неколку комбинации со тренерки кои изгледаат многу интересно. Ако порано тренерките ги носевте до теретана и назад, новата мода (особено во 2020), овозможува многу повеќе. Логично, годинава тренерките се моден хајлајт. Па така, ги комбинираме со голг капут, мартинки, ролки и што уште не? Ние ја обожаваме оваа викенд мода, а за оние кои работат од дома, и мода за целата недела.

Да почнеме со предлозите од некои домашни брендови:

Брендот Terziya Movment нуди прекрасни парчиња и често предложуваат монохроматски изглед. Моделот на сликата изгледа одлучно, и дефинитивно не е нешто кое го носите само за вежбање. Со убава фризура и малку накит е совршен и за прошетка. Она што ни се допаѓа е дека моделите се направени за сите форми во кои доаѓаат нашите женски тела. Наместо да ги прикрива, бреднот одлучува да ги слави. Следете ги на @terzyamovsment

Веќе пишувавме за NAMIKA, комбинацијата на нивните must have бели тренерки со долг џемпер, па и со кошула ни изгледа навистина модерно и кул. Сликата е направена во парк, но овој аутфит е одличен и за на работа. Особено ако имате т.н. Casual Friday.

Ова се македонските брендови кои ви ги предложуваме. А во продолжение неколку комбинации за тоа како може да комбинирате тренерки.

Предлози за комбинирање:

Еднобојна комбинација, во светла сива боја. Доколку го искомбинирате со накит, може да изгледа одлично!

Плетени тренерки, 2020 не научи дека тренерките можат да бидат изработени од секој материјал. Па така на сиката имаме плетени тренерки, кои се одлично искомбинрани со долг капут.

Основни тренерки/хеланки со долг капут и мали обетки. Тренерките ги имате, или планирате да ги купите, црн дуксер исто така. Се што треба е да го искомбинирате со долг капут.

Периодов во секоја комбинација носиме и заштитна маска. Се надеваме набргу таа ќе биде минато, но удобните тренерки ќе ни останат.

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!