Евергрин музика од Романова за распеан понеделник

Не мора секој понеделник да биде лош. Добрите почнуваат со музика. Овој понеделник Елена Романова од Сити радио ни направи листа со евергрин музика. Уживајте во неа.
Tom Waits – Hope I don’t fall in love with you

 

Песна која официјално беше објавена 1973 година и се најде на првиот албум на Tom Waits, Closing time. Многумина ќе се согласат дека тој е еден од најспецифичните вокали на музичката сцена. Можете да го сакате или мразите, но никогаш нема да бидете индиферентни. Фантастичен текст и одлична музика за разнежнување во овие есенаки денови.
Нина Спирова – Еден бакнеж

 

Таа важи за еден од најдобрите женски вокали, воедно и за една од првите женски изведувачи на забавна музика кај нас. Прв пат на музичката сцена се појавува во 1962 година, за истата година да ја објави и оваа песна. Композицијата е на Петар Пешев, изведена е на фестивалот “Опатија ’62” и на Нина Спирова и ја носи првата награда од публиката. Уживајте!
Тоше Проески – Тајно моја
Деновиве живееме во духот на неговата музика. Да, ве потсетивме на многу негови песни, но никако доста од Тоше. Еве уште нешто кое што со сигурност го пеете гласно. Тајно моја, песна компонирана од Кире Костов, а Тоше со неа го освои второто место на фестивалот “Сунчане скале” во Херцег Нови, Црна Гора. Почнавте да си ја потпевнувате нели?!
If I were a rich man – TevyeПа од мјузиклот Fiddler
Да ве размрдаме и потсетиме на нешто генијално. Песна која е дел од мјузиклот „Fiddler on the roof“ од 1964 година. Песната ја изведува Tevye, главниот карактер во филмот, којшто сонува да биде богат и славен. Мора да го гледате и спотот, којшто е всушност дел од филмот, и да ги забележите неговите реакции и одличната изведба. Ве советуваме, обрнете внимание на неговиот танц и приклучете му се.
The Beatles – Come together
Уште една песна од ’60 – тите. Песна којашто се најде на нивниот врвен албум “Abbey road”, а истиот ви препорачуваме да биде дел од вашата албумска колекција. Песната се најде на врвот на топ листите во САД, а во Британија се искачи на 4 – тото место. Веројатно низ нашите предлози за песни би ги ставиле повеќето на Beatles, но еве да стартуваме со оваа. Ремек – дело!
Се надеваме дека ви се допадна нашиот избор. Што слушате вие во понеделник?
Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!