Кој ја шие нашата облека? Како да купуваме облека од „втора рака“? Какви материјали се користат при изработката на облеката? Како да го одбереме вистинското парче? Зошто македонските (мали компании) или дизајнери се за нијанса поскапи од гигантите? Колку загадува модната индустрија и како тоа да престане? Што се еко-материјали?…
Ова се само дел од прашањата кои си ги поставуваме, ако сакаме одговорно да купуваме. Во светот веќе се разговара за тоа модата да стане поодговорна, а кај нас овие прашања ги отвораат Fashion Revolution – тим составен од млади (и секогаш млади) дизајнери и вљубеници во модата. Тимот работи кратко време, но веќе организираа неколку моќни настани и кампањи со цел да ја подигнат свеста за одговорното купување.
Модна револуција во Македонија, е дел од Fashion Revolution движењето во светот. Движење, затоа што тие немаат цел да креираат профит, туку да отвораат теми поврзани со одржливоста на она што го носиме. Еден начин да се креира одржливост е да се купува облека од втора рака, но важно е да се внимава од каде и како.
Затоа тимот на Fashion Revolution сподели неколку совети во оваа насока:
Fashion Revoluiton како глобално движење е распространето низ повеќе од 100 земји низ светот. Од 2014 година организацијата има остварено повеќе од 500 партнерства со над 300 невладини организации, активистички групи и организации од областа на уметноста и културата и над 200 образовни институции. На социјалните мрежи движењето во 2019 имаше повеќе од 750.000 следбеници. Fashion Revolution Macedonia сега го сочинуваат: Ана Јакимовска, Ема Јакимовска, Виктор Стојкоски, Ирина Тошева, Магдалена Таневска, Ева Зарезанкова и Александра Спасеска.
Им посакуваме среќа и брзо да расте, и нивниот тим, и свеста за одржлива мода!