Како ќе патуваме (ако воопшто патуваме) во време на корона?

Секој ден, во Македонија има се повеќе случаи на заболени од Ковид-19. Една од главните причини е тоа што недоволно ги почитуваме мерките за заштита. Сепак, во одреден момент многу од нас ќе треба да патуваат некаде, во државава или, се надеваме што поскоро, и надвор од неа. Доколку и покрај ситуацијата, одлучивте и викендов да патувате, корисно е да знаете како најбезбедно да го направите тоа.
Прериодов е препорачливо да се седи дома, но ако треба да патувате, ви подготвивме листа со совети како да го направите тоа:
1. Носете маска, секаде.
Особено во затворени простории, или превозни средства.
2. Одржувајте 2м оддалеченост.
Кога ја бирате дестинацијата на патувањето внимавајте на тоа да може да се одржува дистанца. Избегнувајте гужви.
3. Ако можете, патувајте со автомобил, ако не заштитете се.
Најбезбедно е патување со автомобил и мал број на патници. Колку што е можно избегнувајте патување со авион, воз или автобус. И да патувате со автомобил, носете маска ако сте повеќе од 1. Доколку сепак мора да патувате со автобус/авион: дезинфицирајте се околу вас, носете маска во текот на патувањето, не го допирајте лицето.
4. Постојано носете средства за дезинфекција со себе (барем 60% алкохол)
Причините се јасни, дезинфицирајте се што можете.
5. Избегнувајте да ги допирате вашите очи, нос и уста додека патувате
Овој совет важи секаде, додека патувате, кога ќе стигнете, за време на прошетките.
6. Проверете дали местото каде што ќе престојувате ги презема потребните мерки за заштита од Ковид
Избегнувајте да патувате на места каде бројот на заболени е висок, и кои немаат соодветни мерки за заштита.
7. Доколку ви се приближува некој што не носи маска, замолете го да го одржува потребното растојание
Сосема е прифатливо да побарате растојание. Летово бевме сведоци на тоа како туристите премногу се опуштаа. Ваше право е да побарате некој да стои подалеку доколку тоа е можно.
8. Избегнувајте гужви и туристички атракции со тоа што ќе ги посетите рано наутро или доцна навечер
Доклку имаме можност повторно да посетуваме туристички атракции, не е лошо да се потрудиме да избегнуваме гужви. Засега држете се подалеку од туристичките атракции.
9. Патувајте повеќе во природа
Планинарете, направете пикник на отворено, избегнувајте кафани или ресторани. Доколку одите во ресторан, одберете место каде се почитува дистанцата и мерките.
10. Избегнувајте групни патувања и планирајте патувања само со најблиските
Сега не е време за патување во друштво. А за жал нема да биде уште долго, патувајте со најблиските. Патувањето со поголем круг на луѓе го зголемува и ризикот.
Ниту нам не ни се допаѓа оваа нова реалност, за жал мораме да ја прифатиме. Колку повеќе ги почитуваме мерките, толку понормално ќе можеме да живееме, а бројот ќе се стабилизира. Се надеваме дека набргу ќе помине и ќе можеме да ги гушнеме пријателите, да одиме во ресторан или диско без дистанца, да се позравуваме нормално и да патуваме опуштено. Дотогаш, останете безбедни!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
Софија Јанева
Софија Јанева
Софија Јанева е гостинска блогерка на nea.mk која пишува на теми поврзани со патувања. Таа веќе подолго време успешно го води својот блог и инстаграм профил „Adventures with Janeva“, каде објавува содржини на македонски и англиски јазик. Сака убава храна, ведри фотографии и секако патувања.
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!