Тамара: Поважно e да се сакаш себеси, отколку да се бориш сите да те сакаат

Здраво, Тамара! Како си?

Волшебно! Земајќи во предвид се што се случува околу нас, супер сум. Се трудам да бидам позитивна. Имам прекрасно семејство, пријатели, соработници. Среќна сум.

Неколку кратки прашања, за загревање:

Arctic Monkeys или U2?

U2 дефинитивно

Каролина или Калиопи?

И двете си ги сакам. Двете имаат оставено и оставаат безвременски траг на македонската музичка сцена.

Леб и сол или Бејло Дугме?

Хм…Леб и сол.

Адел или Тејлор Свифт?

Адел.

Нови дечки или ДНК?

ДНК бидејќи опстојуваат долго време и имаат супер хитови.

Сарма или паста?

Двете може?

МожеАјвар или хумус?

Се разбира ајварче.

Диско или Netflix?

Диско, па после дома под ќебенце Нетфликс.

Штикла или патика?

Добра штикла.

Фолк или Трап?

Трап.

Добро е спремни сме.

Што има ново? На професионален план, нормално.

Како и сите други во светот, така и ние артистите сме погодени од кризата со коронавирусот. Настапите се ретки, а сега веќе и невозможни. Се трудам да бидам позитивна и креативно да го искористам ова време. Подготвувам нови песни. Се надевам дека конечно ќе го завршам и новиот албум. Се обидувам како и сите други да пронајдам нешто позитивно во цела оваа ситуација. Не ни е лесно но знам дека ваквите моменти не прават посилни и поиздржливи.

Фото: Мартин Трајановски; Shot on iPhone 11 Pro Max, поддржани од iSTYLE | Apple Premium Reseller

Кои песни или артисти ги слушаш периодов кога ти е потребна „музичка терапија“?

Слушам апсолутно се. Музиката е дел од мене, таа живее во мене. Со добра музика можеш да ги пребродиш сите тешки моменти, но и да ги направиш незаборавни и оние, посебните моменти во животот.

Девојките во Македонија, од сите возрасти, во секое време знаат барем една песна од Тамара што ги има подрасплакано. Која е твојата?

Хм. Со секоја песна сум емотивно поврзана. Секоја песна е дел од мене и носи некоја моја приказна во себе. Но Гушни ме, дуетот со Влатче е таа што секогаш ме расплакува. Влатче беше неверојатна личност, невиден другар и кога и да ја слушнам песната се потсетувам на сите наши заеднички дружби, разговори, лудории. И иако не е тука со нас, кога и да ја слушнам песната ја чувствувам неговата енергија и прегратка. Во тој момент, додека оди песната, тој е тука до мене и тоа е неописливо чувство.

Од „македонската Бритни Спирс“, преку периодите со кратка коса и весели фустани, па до Евровизиската креација, покрај песните, дефинитивно синоним за Тамара е и стилот. Како одбираш стајлинг за настап? И со кого?

Јас верувам во една работа а тоа е дека секогаш треба да се опкружиш со професионалци и луѓе кои си ја знаат својата работа. Секогаш имам одличен тим покрај себе. Се обидувам да ги следам трендовите но најважно ми е јас да се чувствувам удобно во тоа што го носам. Се разбира имам направено и мал милион лапсуси кога е во прашање стајлингот, но човек учи додека е жив. хахаха

Како е да имаш сестра/колешка и колку Тијана влијаела на твојата кариера?

Тијана си ја сакам најмногу на свет. Покрај мене е и во најголемите успеси но и во најголемите падови. Таа е мојот разум, советник, психилог, критичар, најголем фан, се во едно. Без неа, ниеден мој успех не би бил возможен.

Можеш ли да ни ја раскажеш приказната позади оваа слика?

Фото: Instagram

Хахахаха. Сум заборавила на сликава. Мојот најпрекрасен Игор. Невиден другар и талент. Неговите текстови се безвременски. Сликава е од снимањето на Преспав. Прекрасна дружба и едно супер искуство во мојот живот. Ете сеа, јас сум породена поослабната ама и тој. хахаха

За жал секоја успешна јавна личност во Македонија, во даден момент е нападната од јавноста. Со интернетот многу млади девојки, често се „мета“ на истата таа јавност и не се подготвени да се соочат со неа. Koj e според тебе најдобриот одговор на напади и хејт? Кој совет би и го дала на 17 годишната Тамара од оваа перспектива?

Во животот се е процес. Она што научив е да му верувам на процесот, но многу поважно да почнам искрено да си верувам самата на себе. Не велам дека не ме погодуваат негативните коментари. Но во исто време, кога и да се соочам со нив, се прашувам – дали овие коментари се навистина наменети кон мене или всушност се проекција на менталната состојба на тој што ги напишал? Некогаш во негативните коментари има и некоја добра лекција. Но најважно од се е да сфатиме дека коментарите, критиките, негативните мисли на другите не не дефинираат нас како личност. Ние сме многу повеќе од она што другите го мислат за нас. И знам дека звучи клише, но во најголемите клишеа се криеа најголемата вистина – биди тоа што сакаш да бидеш! Многу е поважно ти да се сакаш самата себеси отколку да се бориш за тоа другите да те сакаат. Ако се сакаш себеси, ако си исполнета, ако веруваш во себе, тогаш и луѓето околу тебе тоа ќе го приметат. Е тогаш доаѓа среќата. Баш таква каква што треба да биде. Вистинска.

Фото: Мартин Трајановски; Shot on iPhone 11 Pro Max, поддржани од iSTYLE | Apple Premium Reseller
Фото: Мартин Трајановски; Shot on iPhone 11 Pro Max, поддржани од iSTYLE | Apple Premium Reseller
Фото: Мартин Трајановски; Shot on iPhone 11 Pro Max, поддржани од iSTYLE | Apple Premium Reseller
Фото: Мартин Трајановски; Shot on iPhone 11 Pro Max, поддржани од iSTYLE | Apple Premium Reseller

И за крај имаш ли ти нешто да не прашаш?

Дечки, сакам да ви се заблагодарам за ова интервју и да ви посакам многу многу среќа и успеси!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!