Она што го јадеме е меѓу основните работи за подобар имунитет. Особено важно е периодов да останеме најздрави што можеме. Како секоја есен да не е доволно проблематична кога станува збор за настинките, оваа мораме да се штитиме и од Корона вирусот. Затоа имајте ја на ум оваа листа од намирници кои го подобруваат имунитетот. Секако, ова не се лекови за корона, туку повеќе ќе ни значат како превенција и за зајакнување на организмот.
- Цитрусно овошје
Сега го има повеќе од секогаш! Јадете портокали, мандарини и цитрони. Цедете лимон во вода и во топлиот чај.
- Брокула
На децата не им е омилена, но навистина е здрава! Брокулата е т.н. суперхрана која е богата со витамини А, Ц и Е. Таа е полна со анти-оксиданти и влакна. Навистина има што да понуди, и заслужува да биде на нашата порција!
- Ѓумбир
Периодов доволно се изнаслушавме за ѓумбирот. Може да се корсти како чај, како корен во водата со лимон наутро или како додаток во друг пијалок. Има лут и специфичен вкус, но влијае добро особено на респираторниот систем, а помага и со болки во грлото.
- Лук!
Конечно имаме оправдување да јадеме лукче. Во пинџур, во салата, во супа, во сос… Во се! Не мириса пријатно, но навистина е здрав. Го викаат природен анестетик со причина, а и има зошто долговечните баби и дедовци си јадат лукче. Лукот го намалува притисокот, ги чисти крвните садови, а има и многу други придобивки. Токму алицинот, состојката која го дава мирисот е и најздравата состојка во лукот. Значи, дами и господа, каснете си лукче, за здравје се работи!
- Црвена пипрерка
Никогаш доста! Особено не во есен. Иако се верува дека цитрусните овошја содржат најмногу витамин Ц, сепак тоа не е точно. Пиперката е одличен извод на витаминот Ц, со речиси дупло поголема концентрација од лимонот. Тие имаат и големо количество на бета-каротен, состојката важна за кожата и видот.
- Спанаќ
Време е повторно да почувствуваме како Попај, силни и здрави! Спанаќот содржи високо количество на антиоксиданти, витамин Ц и бета-каротен. Кога ќе се обари, тој испушта и минерали и витамин А.
- Јаболко
„One apple a day, keeps the doctor away“. Сега е сезоната на јаболки, навистина се вкусни, а и многу здрави. Полни се со витамини и помагаат во одржувањето на линијата.
Ова се само дел од намирниците кои ќе ни помогнат во подобрувањето на нашиот имунитет. Како и да е, многу овошје и зеленчук, протеини за сила и вежбање. Нема лесен пат до здраво тело и ум, но вреди.