Час по историја: Од каде потекнува „играњето“ на шипка?

Како што фитнесот на шипка станува поактуелен, така се поставува прашањето од каде потекнува оваа дисциплина. Многумина мислат дека први се стриптизетите (или егзотичните танчерки), но тоа е далеку од вистината. „Играњето“ на шипка какво што го знаеме го популаризираат Американците во 20тите години.

Оваа дисциплина потекнува од индискиот традиционален спорт Mallakhamb, изведуван главно од машки спортисти. Овој вид на тренинг бара особена физичка сила, а комбинира, качување, танц, гимнастика и јога. За прв пат е изведуван во 1135 година. Но фигури кои играат на нешто налик шипка, се најдени нацртани на ископини од 2 век п.н.е.

На видеото има модерна верзија од спортот изведена од 3ца Индијци на шоуто „Грузија има Талент“.

Следен се развил спортот Кинеска шипка, иако сега е позната кинеска дисциплина се верува дека и таа потекнува токму од Индија. Разликата е што тука се работи за вистинска шипка (не дрвена), која е обложена со силикон за да може спортистите да се „залепат“ за шипката и кога се облечени.

Со освојувањето на Индија, Британската империја го носи спортот во Европа и тој природно се менува. Но формата на стриптиз ја добива во 20тите години, каде биле изведувани вакви претстави заедно со кабаре перформанси. По што во ’80 и ’90тите години навистина се развива, oваа индустрија во која танцот се користи за еротски цели, во клубови каде се изведува стриптиз. Паралелно во ’90тите години, се развива и алтернативната спортската дисциплина pole-fitness.

Од познатите фитнес на шипка тренирале Џенифер Лоренс, Џенифер Лопез, Мадона, Џенифер Анистон, Ким Кардашијан, Деми Мур и Бритни Спирс. Играње на шипка, спортско или егзотично има во многу музички спотови, прв е легендарниот спот на Елвис Присли Jailhouse Rock.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
Наталина Синдилиева
Наталина Синдилиева
Тренер за фитнес на шипка (Pole Fitness) и корективни вежби. Верува дека кога е нашето тело во прашање се е возможно. Спортува од 4 години, најпрво карате, па фитнес на шипка, јога, професионален сноуборд... Наталина го сака спортот во секоја форма, а го обожава и Арон, најшармантниот партнер за вежбање и миленик.
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!