„Рецепти“ за нега на лице од баба

Секој кој има баба, знае барем еден ваков „рецепт“ за убавина со намирници од кујната. Ова се нашите омилени…

Речиси за сите има и официјални истражувања, разбивања на „митови“ и тестирања. Но едно е сигурно овие рецепти го поминале тестот на времето.

Јогурт

Да, толку. Само јогурт или кисело млеко. Толку е едноставно, поради габичките кои ги содржи, млечните киселини и мастите ја храни кожата. Можеби е плaсибо ефект, но се сомневаме. Едноставно е, мачкате јогурт или кисело млеко на лицето, како маска. Откако ќе се исуши го отстранувате. Звучи чудно, ама функционира! Според оние кои го користат помага при намалување на првите бори. Ова може да се прави и неколку пати во неделата, нема лимит. Може да се додаде и малку мед, но не е неопходно.

Мед, маслиново и лимон

Комбинацијата е интересна, но нема зошто да не функционира. Медот и маслиновото му даваат маснотија за лицето, додека лимонот додава витамин Ц. Не е потребна преголема количина, само колку да се намачка на лицето. Нека отстои 15тина минути и тоа е тоа. Доколку имате посува кожа можа да користите и жолчка од јајце. Исто како и на косата, така и на кожата ќе и даде сјај.

Палента или кафе и маслиново масло како пилинг

Оваа идеја ни беше дадена од долгогодишен козметиколог (козметичар), ја пробавме и не е лошо. Особено кога немате пилинг, а ви треба тоа чувство.

Ленено семе и вода

Лажичка од семето се остава да отстои во вода неколку часа (може додека сте на работа или на факултет), потоа се прецедува течноста, треба да има „лигава“ структура. И добивате интересна маска која затегнува.

Ние ги пробавме овие „рецепти“ за убавина и не се лоши. Секако дека се само додаток во дневната рутина во која најважна улога игра правилното чистење на кожата, па потоа се останато. Се надеваме дека ќе ви се допаднат, пишете ни коментар доколку ги пробате, а и ако имате предлози за „бабини рецепти“ кои ги обожавате!

Секако доколку имате чувствителна кожа или алергии посоветувајте се со вашиот дерматолог.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!