5 работи кои девојката на шалтер би сакала да ги знаете

И ние во nea.mk, како и вие имаме неколку другарки кои работат во банка, на шалтер и секојдневно се соочуваат со „интересни“ ситуации. Ги замоливме да ни кажат кои се 5те работи што би сакале нивните клиенти да ги знаат.

Ни кажаа и повеќе од 5, но ова е нашиот избор:

  1. И за само да прашате, треба да почекате во ред.

Нам не ни менува кого ќе го услужиме прв, бидејќи секако сите ќе дојдат на ред. Но она што е проблем е редот, кој е многу важно да го има. Често поради еден „фраер“ кој сака „само да праша“, се случува апсолутен хаос, кавги и слично, па така сите подолго чекаат. Знаеме и разбираме дека Ви се брза, но реално на сите им се брза. Никој не сака да го помине денот во ред, а уште помалку во објаснувања за тоа кој е на ред.

  1. Не се јаде многу лук пред одење во банка. Препорачливо е и да нема 24 часа и од последното туширање.

Секако дека сите сакаме да јадеме пинџурче со лукче, макалце и слично (дури и ние банкарите), но убаво е да се внимава да не е непосредно пред одењето во банка, која е најчесто во затворен простор. Туширањето е објаснето, тоа е тоа. Мора да признаеме дека ситуацијата е многу подобра откако носиме маски.

  1. Не можеме да Ви помогнеме ако немате лична карта.

Откако ќе донесете документ за идентификација, со задоволство ќе ги завршиме сите итни работи. Важно е да разберете дека работиме со пари и тоа што бараме документи за идентификација Ве штити и Вас и Вашите пари. Доколку не е така би можел секој да дојде и да се претстави со Ваше име. Кога ќе размислиме така, не е толку наивно тоа со личните карти, нели? Па затоа, колку и да не „шармирате“, тешко дека ќе помине.

  1. Колешките имаат право на пауза.

Верувале или не, како и вие, така и ние имаме право на 30 минутна пауза… Со тоа што во најголем дел од банките, тоа значи 30 минути, прецизно, ни минута повеќе. Најчесто внимаваме доколку една колешка или колега е на пауза, да има друг кој би Ве услужил. Тие 30 минути се нашата единствена пауза, значи најмалку 7 часа и 30 минути сме Ви целосно посветени.

  1. Не може да земете чекче за баба Ви, иако е многу стара.

Сите баби се стари, а ние за жал не можеме да Ви издадеме чекче без нивно присуство. Има начини со полномошно, потврди и слични легални алатки да им помогнете на Вашите блиски. Но како што кажавме и во точка 3. Овие правила се и за Ваша заштита.

Бонус информација: Ако повеќе викате редот нема побргу да оди.

Тоа е тоа. Ако Ви се брза, подобро е да не викате, како не би се трошело времето во објаснување. Ни нам не ни се омилени долгите редови, верувајте!

Текстот е напишан на шега, низ другарски разговори. Но, викаат во секоја шега има 50% вистина. Па… следниот пат кога ќе застанете на шалтер, сетете се на овие мини правила.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!