Кога и да се спомене темата македонска забавна(поп) музика, одговорот е дека во последно време немаме ништо ново на естрадата. Епа, со задоволство ве информираме дека тоа не е точно. Имаме една група на млади и вечно млади музички творци кои креираат забавна (па и етно) музика. Музика на 21виот век, и тоа на овие 20тите години од 21виот век! Сите на купче можевте да ги видите на настанот за крај на „Чао 2020“ организиран од МКЦ. Еве линк:
Сме пишувале и/или ќе пишуваме за сите присутни. Но денеска е ден за Дина Јашари. Слушајте ја од 58 мата минута на видеото погоре. Веќе пишувавме за нејзината песна „Бои“, а покрај оваа Ви препорачуваме да ги слушнете и „Зборови“, „Последна минута“, „Слепа за луѓе свои“(Со Плутос Даутс). Дина има прекрасен глас, кој буквално ве гали и можете да го слушате со саати. Нејзината музика е свежа и модерна. Дина студира модерна музика – пеење на Академијата за музичка уметност. Има само 20 години, и светот е нејзин за заземање. Утрово ние уживаме во нејзината музика, а и Вам ви го препорачуваме истото.
На Дина и посакуваме среќа, а на македонската забавна музика уште многу вакви ѕвездички!