2020та година беше се само не нормална. Од пожарите во Австралија, преку тешки политички состојби низ целиот свет, немири, па до она што ја обележа – Ковид-19 пандемијата… Време е да заврши оваа година и да посакаме да не се повтори. Сите оние кои успеаја да ја преживеат и да најдат радост во неа, треба да си честитаат (онлајн секако).
Оваа година е успех да сте добри, здрави, свои и (колку-толку) нормални. Во продолжение е видеото кое во 2 минути раскажува што му се случуваше на светот годинава. Се надеваме дека со неа, ќе си отиде и пандемијата и дека 2021 ќе биде се што очекувавме од 2020та.
Видеото е направено од ЈуТјуб продуцентот Алекс Чаплинкси. Тој вели дека многумина од нас најверојатно би сакале да ја заборават 2020-та, но според него важно е да помниме. За да не се повтори.
Ове 2 минути, завршуваат со реченицата на еден од најлегендарните актери Вил Роџерс – „Во времиња на криза, луѓето сакаат да знаат дека се грижиш, повеќе отколку што се грижат колку знаеш.“. Па така, добро е наместо да се правиме паметни, само да им се јавиме на блиските и да им кажеме дека сме тука за нив, дека се грижиме.