Изминатава сезона пампасите беа многу популарни, најчесто ги користевме како дел од ентериер кои привлекуваат големо внимание и додаваат некоја свежина во просторијата.
Што е тоа? Пампас трева (лат. Cortaderia selloana) претставува украсна трева која води потекло од Јужна Америка. Растението формира остри, светлозелени листови кои растат од коренот. Достигнува висина околу 1.5 метар, исто толку и во ширина. Цвета во есен со метличести цветови во бела боја.
Бидејќи е зима и ни требаат новогдишни детали а сепак не сакаме да се откажеме од нив, одлучивме да ги користиме во новогодишна форма. Па така, еве неколку храбри новогодишни елки направени од пампаси што ќе ни го разубават просторот. Правејќи го различен, романтичен и пастелен, смирен, сето она што ни треба за да ја поминеме зимата дома.