Безбеден секс: Најчестите изговори да не се користи кондом, и одговори на истите

Речиси сите сексуално активни луѓе, особено оние кои немаат постојан партнер ќе се најдат во ситуација да ги слушнат овие изговори за некористење на заштита. На светскиот ден за подигнување на свеста за ХИВ/Сида, ги споделуваме оправдувањата и одговараме на истите.
Пред да почнеме, важно е да кажеме неколку работи за заболените од ХИВ. Вирусот не се пренесува преку воздух. Не се пренесува преку јадење од иста храна, пиење од иста чаша или бакнување. Вирусот не се пренесува од дружење со ХИВ позитивно лице. Лицата позитивни на ХИВ, живеат нормален живот. Болеста последните години се третира како автоимуно заболување, и многу луѓе со вистинската терапија живеат долг, убав и исполнет живот. Доколку сте сексуално активно важно е да се тестирате. Најважно е болеста да биде навремено откриена, а потоа да се третира. ХИВ позитивните лица можат да имаат нормални врски, семејства, деца… Се што животот нуди. Болеста не се пренесува ниту преку заштитен сексуален однос. А под истиот подразбураме користење на презерватив/кондом. За жал, девојките често слушаат изговори зошто да не се користи кондом. Ова е и во ситуации кога се работи за сексуален однос со партнер кој недоволно го познаваме, иако таа заштита го штити и партнерот.

Еве ги најчестите 6 изговори:
1. Изговор: „Не ме собира“ „Претесен е!“ или „Непријатно ми е“
Одговор: Кондомите одговараат на речиси секоја големина. Само размислете, доколку може да собере цел галон вода, тогаш може и просечен полов орган. Многу, многу мал број на луѓе имаат преголем пенис за кондом со нормална големина. Во тој случај решението е едноставно: „Купете XL големина!“.
2. Изговор: „Не знам како да го ставам“
Одговор: „Јас ќе ти помогнам“ или „Ајде да научиме заедно“ Доколку партнерот ја кажува вистината тогаш овој изговор е легитимен. Потребна е храброст да се признае, а може да биде убава прилика да научите заедно. Имајте разбирање.
3. Изговор: „Поубаво ми е без кондом“
Одговор: „Сепак е подобро да имаме секс со кондом, отколку да немаме. Така?“, „Тој е и за твоја заштита, колку што е за моја“, „Јас се чувствувам многу поопуштено и подобро доколку имам заштитен секс“. 
4. Изговор: „Сакам правилно да те почуствувам“
Одговор: „Нема ниту да го почуствуваш кога ќе почнеме ;)“ добро е да купите и потенки кондоми, кои се дизајнирани за да се избегне „пластичното“ чувство.
5. Изговор: „Вака (без кондом) ќе биде поинтимно“
Одговор: „Кондомот не создава интимност, туку тоа како се чувствуваме ние, еден со друг.“
Or: “I can’t be intimate with you if I’m worried about getting pregnant or getting an STI.”
6. Изговор „Сакам да бидам татко на твоето дете“ 
Одговор: „Јас не сум подготвена за тоа“… кога ќе бидам ќе знаеш. Не е во ред друг да одлучи за тоа дали Вие сакате да станете мајка, ниту Вие да одлучите за некој друг.
Точно е дека чувството може да биде малку различно. Но сепак, тоа е мала цена во однос на задоволството кое го чувствувате, а и тоа да не живеете во страв од заболување. Секако тука е и заштитата од несакана бременост. Сето ова може да донесе кон поголема опуштеност, која е еднакво важна за задоволство при сексот.
Доколку сепак се случило да имате незаштитен секс и доколку сте активни, ќе повториме: Тестирајте се! Не е срамота, напротив тоа е грижа за вашето здравје и здравјето на вашиот партнер (или партнери).
Истражувањето за овие изговори, е направено од Монт Синаи Адолесцент Центарот, лоциран во Њу Јорк.
Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!