Откако почнавме со nea.mk, ви нудевме најразлични избори на Instagram профилот. Голем дел од вас гласаа, а неколку девојки ни пишуваа и зошто го направиле тој избор. Па еве што одбравте на прашања како: „Турско или нес“; „Сексот и градот или Френдс“, „Лабело или кармин?“, „Филм или книга?“…
Во тесната борба, победи чоколадото. Сепак многу од вас гласаа и за баклава. Тесна и тешка борба, ќе продолжи и во втора рунда.
Ова не изненади. Многу мал процент на луѓето користат апликации за состанување. Според дел, подобар начин на флертување и запознавање (или поспонтан) е Инстаграм/Фејсбук. Сепак имајте на ум, дека не сите корисници на Фејсбук или Инстаграм се таму поради состанување, и бидете подготвени да бидете одбиени или да не добиете одговор. Иако тие се поспонтани од апликациите за состанување, кај вторите е „почиста“ намерата.
Втората комбинација е прекрасна, но оваа анкета беше за викенд. А за викенд сите сакаме да бидеме опуштени во добра тренерка. Таа на сликата е од македонскиот бренд NAMIKA.
Убаво изненадување! Веројатно претераното седење пред екран, не врати над книга. Нема поубаво од мирисот на нова книга, а во последно време се потежок е изборот која да се прочита. Ние би рекле сите, со ред!
Секако во оваа „тешка“ конкуренција, победи домашниот ајвар. Сите многу добро знаеме дека таа прецизност, совршена боја и совршен вкус ретко кој може да го постигне. Но, ќе признаеме дека и купечките ајвари кои излегуваат во последно време се се подобри.
Можеби затоа што се прикажува на МТВ, можеби затоа што ни помогна да си го разубавиме периодов (колку што може), ама Френдс победи во оваа конкуренција. Ние ги сакаме двете серии, но не можеме да кажеме дека не изненади резултатот.
Ако сакате да ви стане појасно, прочитајте го нашиот текст: „Папучи на штикла, и зошто не?“.
И да, кралот на музиката ПОП! Овој резултат е очекуван. Поп музиката, е всушност популарна музика, која може да доаѓа од различни жанрови. Така што, јасно е дека овој вид на музка, ќе и се допадне на најголем дел од публиката.
Турско/македонско или Нес кафе? Одговорот е дека она што си го знаеме, си го сакаме. А тоа е традиционалното, добро домашно кафе. Уште ако некој знае да ни „гата“, па да се насмееме, одлично!
И првото прашање кое ви го поставивме! Драго ни е дека нашите читателки ја ценат повеќе негата, од излгедот. А реално, и немаме за каде да носиме кармин, и така не се гледа од маската…
Гласајте и понатаму, а ние едвај чекаме да ги видиме резултатите.