Втори на ред да дознаеме како се однесуваат на шопинг се Стрелец и Вага. Повторно Зорица ни раскажува, повторно во нејзиниот интересен и смешен стил, а ние само ви пренесуваме.
СТРЕЛЕЦ
Стрелецот е еден од најлошите кога е шопингот во прашање, особено за оние кои му прават друштво. Најчесто ќе шета низ повеќе трговски центри и буквално ќе влезе во секоја продавница и ќе ја прегледа секоја полица. Секако и ќе проба милион парчиња. Жално за оние кои треба да го пратат. А најпосле, особено помладите примероци од овој знак ќе одберат нешто што воопшто немале намера да го купат. Одлично потрошени пари и време!
ВАГА
Кога таа оди во шопинг со неа носи цела војска од „стилисти“. Оние кои се со неа и даваат мислење за се што пробува, коментираат и одобруваат, за таа на крај да „извага“. Тешко одбираат меѓу две парчиња кои слично им се допаѓаат. Сепак тие се многу елегантни и добро облечени, па на крај маката се исплати!
Се надеваме дека ви се допаѓаат нашите серии, кои знаци би сакале да ги обработиме следни?
Доколку не прочитавте досега еве како се однесуваат Водолијата и Скорпијата на шопинг.