Жешка музичка топ листа од Елена Романова, затоа што заладува

За убав завршеток на викендот Елена Романова од Сити ни подготви топ листа со најсекси хитовите на сите времиња. Пуштете и уживајте!
Sexy MF – Prince and New Generation
И тoa како секси песна. Се најде на албумот Love symbol од 1992 година. За многумина контроверзна песна, па заради тоа е преработена како би можела да се пушта на радијата особено во САД. Напишана во old school funk верзија, дополнително предизвикува восхит и …топење. Додека сме кај Принц слушнете ја и „Cream“! Сепак ова е Принц, на секси топ листа, не можеме да се одлучиме само за една песна.
I’m on fire – Bruce Springsteen
Тој е еден од најсекси изведувачите на сите времиња, а воедно ја испеа и една од најеротските песни на сите времиња. Така велат барем светските топ листи. Песна испеана во 1985 година, во времето кога Bruce Springsteen е во екот на неговиот сексапил. Стихот “Only you can cool my desire”, кажува се нели?!
Joe Cocker – You can leave your head on
Песна којашто се најде на албумот на Joe Cocker во 1986 година. Инаку станува збор за обработка со оглед на тоа дека првата верзија на песната е испеана во 1972 година од Randy Newman. Billboard ја рангира на 35 место на листата за најсекси песни. Сигурно се сеќавате на стриптиз сцената од филмот 9 1⁄2 Weeks . Ви предлагаме да ја погледнете уште еднаш, а со тоа да си ги нахраните очите и ушите.
I feel you – Depeche mode
Dave Gahan, пеачот на Depeche mode, важи за еден од најсекси пеачите на музичката сцена, па не е ни чудно што се наоѓаат на оваа наша листа. Песната официјално беше објавена во 1993 година. Длабокиот баритон глас на Dave, дополнително ја прави оваа песна посекси, се согласувате нели?
The Weeknd – Earned it
Нешто поново, одлично и пресекси. Водечки сингл за саундтракот за филмот Fifty shades of gray (кој не е добар колку песната). Се најде на неговиот втор студиски албум Beauty behind the madness од 2015 година. Она коешто ние ви го препорачуваме е да се потсетите на песната и на видео записот.
Со партнер или сами, оваа листа дефинитивно е одлична за во недела. Ќебенце, винце, музика и chill.
Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!