Четирите состојки најважни за нега на сувата кожа

Негувањето на сувата кожа е навистина предизвик посебно во зимските денови кога ладниот воздух дополнително ја суши кожата. Тимот на неа.мк реши да истражи што треба да се вклучи во рутината за нега на сува кожа и избравме четири задолжителни состојки кои вашите продукти за нега на лице треба да ги содржат за да ја хидрирате сувата кожа. Дерматолозите ги викаат овие состојки „големата четворка“ за нега на сува кожа. Еве што да барате во производите за нега на сувата кожа:

  1. Хијалуронска киселина

Интересен факт за хијалуронската киселина е што всушност таа не е киселина. Таа е молекула која по состав е шеќер и се произведува во нашето тело. Има способност да врзе голема количина на вода и така им помага на клетките на кожата да ја регулираат влажноста за да не се исушат. Продуктите кои содржат хијалуронска киселина и помагаат на кожата да ја зачува природната влага, обезбедуваат дополнителна хидратација, а сето тоа придонесува кожата да биде мазна и супер еластична.

  1. Глицерин

Глицеринот е една од најпознатите состојки за третирање на сува и дехидрирана кожа, посебно во зимските денови. Тој ја оддржува хидратацијата на кожата, не испарува и затоа ја остава кожата мазна и свиленкаста. Во козметичките производи се користи заедно со други навлажнувачки агенси за да ја заклучи влагата што ја влече во кожата. Глицеринот одлично ја хидрира кожата, но нема дејство врз измазнување на брчките како што тоа го има хијалураноската киселина.

  1. Керамиди 

Керамиди се масни молекули кои ги имаме во кожата и тие создаваат бариера за да ја задржат кожата навлажнета. Како што старееме нивото на керамидите во кожата се намалува, а со тоа се намалува и бариерата на кожата и затоа многу често може да се појави црвенило, иритација и сувост на кожата. Се верува дека луѓето кои страдаат од егземи имаат помало количество на керамиди во нивната кожа. Ако имате сува кожа задолжително користете производи кои ја имаат оваа состојка.

  1. Масла за лице

Додека хијалуронската киселина и дава влажност на кожата, маслата за лице слично како керамидите помагаат да се заклучи влагата. Кожата произведува природни масла кои живеат помеѓу клетките кои спречуваат водата да излезе и несакани состојки да влезат во кожата. Кај сувата кожа количеството на природни масла е помало и затоа треба да се аплицираат масла за да се надополнат. Постојат повеќе типови на масла за лице, но ние го издвоивме маслото од витамин Е.

Витаминот Е е моќен антиоксидант, ја подобрува влажноста на кожата, ја заштитува од штетните УВ зраци и го забавува процесот на стареење на клетките.

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!