10 факти за сексот кои би сакале да ги знаевме порано

Периодот пред нас истражувавме на темата жени и секс. Секогаш интересна, и неисцрпна. Иако најдовме многу факти кои вреди да се споделат, во овој текст ќе наброиме само 10 од нив.

  1. Женскиот оргазам трае 3 пати подолго

Кога се жалиме дека сме жени (што е реално 3 пати поголем предизвик), убаво е да се сетиме дека и задоволството е 3 пати подолемо! Женскиот оргазам трае 20 секунди. Тоа е и повеќе од 3 пати повеќе од машкиот кој трае околу 6 секунди. Но тоа не е се! Како што знаете жените е можно да доживеат и сензација наречена повеќекратен оргазам.

И покрај се, задоволство е да се биде жена! Некогаш и повеќекратно задоволство.

2. Може да доживеете оргазам и во сон

Верувале или не, за оргазам не мора ни да сте будни. Според секс-експертот Шери Рос, некои жени можат да постигнат оргазам и во сон. Како? Објаснувањето е дека, иако нема физички допир, крвта која при возбуда доаѓа во гениталиите може да предизвика сензација како во секс, а зголеменото количество на крв во овие делови, може да не донесе до оргазам.

3. Просечниот секс има 100 до 500 потези со куковите (пенетрирања)

Не дека некој брои… Сепак очигледно некој броел ако ја имаме оваа статистика. И веројатно не постои друга вежба која (со задоволство) би ја повторувале 100 до 500 пати. Како и да е, добро е да се истакне и дека за задоволството особено женското не е потребно само мрдање (што повеќе), туку има и други начини, многу поуспешни за да се постигне оргазам. Повеќе, не е секогаш подобро.

4. Жените најмногу фантазираат за Бред Пит (многу иновативно!)

Можеби ова не важи и за македонскиот пазар. Но, на американскиот според истражување од компанијата за секс играчки – ТЕНГА, жените како најсекси го одбрале Бред Пит, а мажите за Бијонсе. Во оваа анкета учествувале 13 000 испитаници на возраст од 18 до 74 години. Еве ги имињата кои ги спомнувале жените покрај Пит: Џони Деп, Крис Хемсворт, Том Круз и Крис Прат. Додека кај мажите најомилени биле: Бијонсе, Џенифер Лоренс, Ким Кардашијан, Тејлор Свифт и Кајли Џенер.

5. Силното чувство за мирис прави полесно да доживеете оргазам

Жените со посилно чувство за мирис, изјавиле дека имаат подобро искуство со сексот, од оние кои имаат помалку сензитивен нос. Ова е според мала студија изведена во Америка. Има логика со оглед на тоа што во сексуалното искуство можат да учествуваат сите сетила. Сепак, сексот е многу лично искуство за сите, и нема правила.

6. Може да „возбудите“ некој само со вашиот глас

Студија на Олбрајт Универзитетот, во 2014тата година открила дека жените се способни свесно да го манипулираат својот глас, додека бројат од 1 до 10, со цел да звучат попривлечно. Како? Длабок, малку задишан глас е попривлечен според испитаниците. Ова не е бидејќи машките преферираат такви гласови, туку затоа што кога жените ќе го снижат гласот на овој начин, тоа според нив е сигнал дека се заинтересирани.

Она што е интересно, е дека и мажите пробале да звучат „посекси“ на истиот начин, но без успех. Извинете дечки!

7. Само 3% од луѓето немаат сексуални фантазии

Ако се чувствувате чудно, затоа што често имате сексуални фантазии, немојте. 97% од луѓето ги имаат и се апсолутно нормални. Разговарајте со партнерот за нив, можеби и тој има нешто кое се мисли да ви го каже. Можеби нема да се најдете на исто, но секако ќе станете поблиски.

8. Тагата по секс, е нормална работа за многу жени

Според д-р Иан Кернер, сексуален терапевт, тагата по сексот (дури и после добар секс), се јавува кај некои жени и е сосема нормална. Доклку ви се случило да плачете по секс, ќе ви олесни ако слушнете дека тоа е нормално. Има и термин за ова – Post coital dysphoria. 

9. Главоболката, всушност може да ве направи повозбудени

Според студија на Медицинскиот Универзитет Wake Forest, испитаниците кои пателе од мигрена, изразиле повисоко ниво на сексуална желба. Ова е спротивно од она „Не вечерва, ме боли глава“. А добар секс може и во тоа да ви помогне. Секако ако не сте расположени, не мора. Сексуалното задоволство бара опуштеност, пред се.

10. Кога е задоволството во прашање, дебелината е поважна од должината (но вие веќе го знаете тоа)

Многу мажи си ја споредуваат должината, но всушност за жените (поради природата на нашиот полов орган), поважна е дебелината на пенисот. Ова го објаснува и студија направена од Никол Прус истражувач за Универзитетот од Калифорнија. А вистината е, дека навистина и техниката, посветеноста и хемијата се важни за задоволството. Многу често оргазмот зависи од самата жена, нејзиното чувство и опуштеност.

На крајот од овој текст, би сакале да кажеме дека сексот е избор. Односно дека никогаш не МОРА, ако не сакате и дека ваше право е кој партнер (и колку) ќе одберете. Бидете внимателни, носете заштита и грижете се за сексуалното здравје. Долго време се молчеше на оваа тема, доколку нешто ве мачи, подобро е да зборувате за да најдете решение.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!