За среќа, повеќе ниту манекенките не се како „клесани во калап“, па сега и тие доаѓаат во најразлични форми на телото и тежини. Минималната и максималната граница за телесна тежина се генетски предодредени, индивидуални и посебни за секој човек. Не постои универзална минимална и максимална граница. Еден од најреалните модели за регулација на телесната тежина е познат како модел за регулирање на тежината со две граници (the dual point intervention model).
Според овој модел човечката тежина варира во зависност од физиолошките фактори и притисокот од околината, вежбање, исхрана, начин на живот… Таа се намалува-период А или расте -период Б.
Во периодот Ц притисокот од околните фактори за зголемување на тежината резултира со достигнување на генетски предодредената максимум телесна тежина. Поради физиолошки фактори/генетика спречено е натамошно зголемување на тежината над оваа горна граница и телесната тежина останува во баланс. Губењето на калории во период Д ќе започне кога притисокот од околините фактори ќе се зголеми.
При константен притисок од околината за зголемување на телесна тежина, таа ќе варира се додека не ја достигне горната точка за интервенција (максимумот). Слично на тоа губењето на телесната тежина може да се одвива се додека не се достигне долната граница, минимумот на телесна тежина која е генетски предодредена за една индивидуа. На понатамошното губење на килограми, под долната граница на телесна тежина ќе се спротивстават физиолошки механизми. Еден од нив е ниско ниво на лептин (адипозен сигнал) кое ја прави храната попривлечна, стимулира јадење и покачување на телесна тежина. Лептинот претставува сензор на енергија во телото и сигнализира до хипоталамусот во мозокот со колку енергија располага телото. Во овој дел на мозокот се контролираат сите процеси кои се зависни од енергија како, репродуктивен систем, сексуален нагон, ендокрин систем и слично.
Сигналите од лептин за зголемување на конзумирање на храна, кои се појавуваат на минимумот на телесна тежина, често се игнорирани од страна на лицата со проблем со исхраната (eating disorder). Поради игнорирање на овие сигнали, лептин сигнализира до хипоталамусот дека на телото му недостига енергија за нормално функционирање. За да се справи со недостатокот на енергија, хипоталамусот одлучува кој метаболизам ќе го стопира за да заштеди енергија. Кај девојките со пониска телесна тежина од генетски предвидената најчесто се појавува проблеми со репродуктивен систем.
Исто така се смета дека постои сензор за регулирање на тежината во (остеоцитите) долгите коски на долните екстремитети. Тие делуваат како хомеостат на тежината, комуницираат со мозокот и ја одржуваат телесната тежина и нивото на масти помеѓу минималната и максималната граница.
Она што е добро е дека светот конечно прифати дека женските тела може да изгледаат убаво, привлечно и фит со секоја тежина. Најважно е да си го знаеме своето тело, да живееме здраво и да се грижиме за себе. Покрај манекенките, ќе се сложиме дека има многу латино пејачки, танчерки, глумици, жени со најразлични форми на телото кои изгледаат еднакво секси. Најважно е да бидеме здрави и среќни. Слабички, не секогаш можеме, ниту треба да бидеме. Во 21ви век, кога и модната индустрија го сфати истото, време е тоа да го направиме и ние.